Skip to main content
изложба

Донаторска изложба на фотографии: „Разбуди ја креативноста“

By April 30, 2022No Comments
На 28.04.2022 во просториите на Центар Јадро се одржа отворањето на донаторската изложба на фотографии „Разбуди ја креативноста“ која е резултат на работилниците реализирани со децата од малите групни домови при ЈУ Детски дом „11 Октомври“ Скопје.

Сакате да купите фотографија?

Сите заинтересирание купувачи треба претходно да го резервираат делото кое би сакале да го купат, па после добиената потврда да ја извршат уплатата. Почетна цена на фотографиите (веќе испечатени со висок квалитет) е 1.200ден., но може и повеќе 🙂
Средствата од изложбата се наменети за да се обезбедат фото апарати со кој децата ќе продолжат да ги усовршуваат своите фотографски вештини.

Каде може да ги најдете делата?

 

За проектот:

Благодарение на Град Скопје, ГТЦ- Скопје, Apptree успеавме ова лето да го направиме забавно и едукативно и да ја вратиме насмевката на лицата на социјално ранливите лица. Со помош на нашите одлични ментори Благоја Блажевски и Слободан Тошевски го организиравме проектот – ”Разбуди ја креативноста”. Освен со забава, децата се здобија и со одлично познавање на фотографијата како теоретски, така и во практична примена.

 

Погледнете ги нивните дела ↓

 

Leave a Reply