МИНАТИ Февруари 2020 | Финализирање на градежните зафати во КСП Центар Јадро По повеќемесечните градежни зафати на 20 февруари, 2020 година беше финализирано реновирањето на новиот простор на Културо- социјалниот простор Центар Јадро. Реновираниот мултифункционален простор со големина од 80 квадрати ќе овозможи реализација на разновидни програмски содржини. Со поддршка на Општина Центар и спонзорство на бизнис заедницата (фирмите Кнауф, Адинг, Акустик, Еуро Линк осигурување, Компанија Велковски) успешно беа реализирани сите градежни зафати поврзани со реновирањето и ставањето во функција на просторот на КСП Центар Јадро. Пензионерскиот клуб кој и претходно функционираше во стариот објект на урбаната заедница и понатака продолжува да функционира во истиот објект.