МИНАТИ 20.02.2020 | Работилници на проектот Тандем – Западен Балкан 20фебЦел ден20.02.2020 | Работилници на проектот Тандем-Западен Балкан Детали за настанотОд 20 до 24 февруари во просториите на ново отворениот центар Културно-социјален простор Центар-Јадро се одржаа Kick off работилниците во склоп на проектот Тандем Западен Балкан. Кick off беше втората Детали за настанот Од 20 до 24 февруари во просториите на ново отворениот центар Културно-социјален простор Центар-Јадро се одржаа Kick off работилниците во склоп на проектот Тандем Западен Балкан. Кick off беше втората фаза на проектот во која избраните 8 тандеми (17 учесници) почнаа да работат на продлабочување на своите идеи, принципите на партнерството и добивање на константна менторска поддршка. Покрај работата, учесниците и останатите ментори имаа можност да го посетат Музејот на современа уметност и повеќе културни места низ Скопје. Наредната средба ќе се одржи во јуни во Призрен. Тандем Западен Балкан е eдногодишна едукативна програма што им овозможува на културните работници да започнат со долгорочна регионална соработка во Западен Балкан. Платформата се залага за општествена промена преку стратешко културно дејствување и е замислена како простор кој ќе им овозможи на иницијаторите на проекти да стекнат нови вештини, да развиваат иновативни практики и да се поврзат со регионалните мрежи. Тандем Западен Балкан е иницијатива развиена од Европската фондација за култура и MitOst e.V. заедно со Фондацијата Отворено Општество. Се спроведува заедно со мрежата на музеј Балкан (Босна и Херцеговина), Балкан, да се разбудиме! (Србија), Центар за културна деконтаминација (Србија), Јадро Асоцијација на независна културна сцена (Северна Македонија) и Фондација Лумбарди (Косово) како концептни и организациски партнери. Повеќе ВремеЦел ден (четврток) КалендарGoogleCal