
ПИШИ-БРИШИ …Само не оставај на seen! | Работилница за креативно пишување |
by
232 232 people viewed this event.
ПИШИ-БРИШИ
…Само не оставај на seen!




Повикот за учество во работилницата е отворен за млади на возраст од 15 до 18 години.
*Бројот на учесници е ограничен.
ЛИНК за пријавување
https://forms.gle/s5sDpDxEj76UhuyZ9


Дојдете во Јадро, имаме колачиња 🙂
Од почетокот на времето, приказните се сведоштва за она што било, тие се поуки за она што треба да биде и повторлив обид да се зграпчи и замрзне недофатноста на сегашниот момент. Раскажувањето и создавањето приказни е неразделив дел од човековата природа. Тоа ни помага да споделиме информација, да креираме емоционални врски и реченица по реченица да ѕирнеме во мистеријата на постоењето. Приказните го менуваат човекот, а луѓето, еден по еден, го менуваат светот…
„Пиши – бриши“ е работилница за креативно пишување на македонски јазик наменета за млади од 15 до 18 години. Целта на работилница е учесниците да се впуштат во процесот на смислување, пишување и читање приказни, како и да го збогатат својот фонд на зборови и потечно да се изразуваат.
Работилницата е поделена на два дела, еден теоретски, со фокусот кон откривање на тајните на пишувачкиот занает низ читање во кој младите учесници ќе се запознаат со почетоците на книжевноста, магичната моќ на приказните и растегливоста на јазикот.
Вториот дел од работилницата е практичен, а младите низ вежби за креативно пишување ќе имаат прилика да создадат и осмислат своја приказна, користејќи ги откриените алатки од првиот дел на работилницата.
Additional Details
Project Title -
Project -