Skip to main content

Американски успешни танцови приказни – Што функционира најдобро!

Registrations have closed.
Американски успешни танцови приказни – Што функционира најдобро!

Американски успешни танцови приказни – Што функционира најдобро!

by
559 559 people viewed this event.

Панел дискусија на проектот VADA – Virtual American Dance Academy каде Центар Јадро се појавува како партнер на носителот Културно-уметнички центар Битрикс. Ова е проект кој  активно дејствуваше во правец на едукација и афирмација на уличните танци кај нас.

На 29.06, со почеток во 19:00h во просториите на КСП Центар Јадро и преку хибридната панел дискусија на тројца уметнички директори од САД кои ќе ни се придружат онлајн и неколку претставници на локалната танцова заедница во центарот, ќе се заокружи првата фаза од програмата на ВАДА – Хибридна Американска Танцова Академија.

Настанот опфаќа панел дискусија под името „Американски танц: Што функционира таму?“ и ќе се обиде преку излагањата на едни од најистакнатите имиња во танцот во САД да пренесе успешни претприемачки тактики во областа на танцовата уметност.

Говорници на настанот ќе бидат:
1) Артур Авилес – основач на компаниите „Артур Авилес Типичен Театар“ и ко-сопственик на „БЕЕД!“;
2) Софи Муртил МекКоурти – основач на „Лотус Артс Менаџмент“;
3) Кристи Болингбрук – основач и уметнички директор на националниот центар за кореографија на Универзитетот „Акрон“;
Повеќе информации за нив ќе споделиме во посебни објави.
***********************************
Повеќе за ВАДА:
ВАДА / Виртуелна Американска Танцова Академија е проект на „Битрикс Културно-уметнички Центар“ поддржан од Американската Амбасада во С.Македонија и Вашингтон Стејт Департманот, кој има за цел да дејствува проактивно во правец на едукација на конституентите на танцовата заедница во земјата.
Станува збор пионерски проект, не само во нашата земја, туку и пошироко, бидејќи се’ уште е еден од малкуте вакви примери во светот, кои на академско ниво ги опфаќаат уличните танци и сиот нивен опус, а како таков, Вашингтон од неодамна одлучи да го истакне како еден од најуспешните проекти кои беа реализирани во текот на целата измината година од страна на Американскиот Стејт Департмент (U.S. Department of State), што е навистина значајно достигнување и ја позиционира С.Македонија високо на мапата на светот на танцовата уметност.
Во рамките на програмата, беа предвидени две фази од кои првата (јануари-јуни) вклучуваше онлајн танцови работилници со реномирани предавачи од Соединетите Американски Држави, а втората е предвидено да се реализира во септември, кога предавач од САД ќе дојде во нашата земја за да подготви перформанс со учесниците, со што уште повеќе ќе ги доближи до .
Практичната настава ја одржаа: Нубиан Нене – хаус, Мери Боневеј (Marrie Poppins) – попинг, вејвинг, роботик, Антони Д.Армстронг (Slimboogie) – попинг, вејвинг, роботик, Вендел Булен (King Kayak) – денсхол и Џеси Сајкс – вејвинг, репертоар. Теоретските предавања ги одржаа Ефрат Ашери – сопственичка на истоимената танцова компанија , Кен Фостер – професор на „Торнтон училиште за музика“ и „Универзитетот на Јужна Калифорнија“ , Рафаел Хавиер – професор на „Принстон“ и „Универзитетот во Остин“, Стејси Перл -сопственик на танцовата компанија „Прл Артс Студиос“ и Томас Кавана – сопственик на првата компанија за вертикален танц „Бандалуп“.

Additional Details

Project Title -

Project -