Skip to main content

Дискусија: Учичните танци како двигател на танцовата уметност

Registrations have closed.
Дискусија: Учичните танци како двигател на танцовата уметност

Дискусија: Учичните танци како двигател на танцовата уметност

by
550 550 people viewed this event.

Уште еден настан од истиот проект е дискусијата помеѓу нашиот координатор Ѓорги Пулевски и Ивана Балабанва од Битрикс студио. Дискусијата беше насловена- Учичните танци како двигател на танцовата уметност.
***********************************
Повеќе за ВАДА:
ВАДА / Виртуелна Американска Танцова Академија е проект на „Битрикс Културно-уметнички Центар“ поддржан од Американската Амбасада во С.Македонија и Вашингтон Стејт Департманот, кој има за цел да дејствува проактивно во правец на едукација на конституентите на танцовата заедница во земјата.
Станува збор пионерски проект, не само во нашата земја, туку и пошироко, бидејќи се’ уште е еден од малкуте вакви примери во светот, кои на академско ниво ги опфаќаат уличните танци и сиот нивен опус, а како таков, Вашингтон од неодамна одлучи да го истакне како еден од најуспешните проекти кои беа реализирани во текот на целата измината година од страна на Американскиот Стејт Департмент (U.S. Department of State), што е навистина значајно достигнување и ја позиционира С.Македонија високо на мапата на светот на танцовата уметност.
Во рамките на програмата, беа предвидени две фази од кои првата (јануари-јуни) вклучуваше онлајн танцови работилници со реномирани предавачи од Соединетите Американски Држави, а втората е предвидено да се реализира во септември, кога предавач од САД ќе дојде во нашата земја за да подготви перформанс со учесниците, со што уште повеќе ќе ги доближи до .
Практичната настава ја одржаа: Нубиан Нене – хаус, Мери Боневеј (Marrie Poppins) – попинг, вејвинг, роботик, Антони Д.Армстронг (Slimboogie) – попинг, вејвинг, роботик, Вендел Булен (King Kayak) – денсхол и Џеси Сајкс – вејвинг, репертоар. Теоретските предавања ги одржаа Ефрат Ашери – сопственичка на истоимената танцова компанија , Кен Фостер – професор на „Торнтон училиште за музика“ и „Универзитетот на Јужна Калифорнија“ , Рафаел Хавиер – професор на „Принстон“ и „Универзитетот во Остин“, Стејси Перл -сопственик на танцовата компанија „Прл Артс Студиос“ и Томас Кавана – сопственик на првата компанија за вертикален танц „Бандалуп“.

Additional Details

Project Title -

Project -