Skip to main content

Кујна за критички рецепти и нови вкусови – Работилница на обединетите невештини и вештини

Registrations have closed.
Кујна за критички рецепти и нови вкусови – Работилница на обединетите невештини и вештини

Кујна за критички рецепти и нови вкусови – Работилница на обединетите невештини и вештини

by
564 564 people viewed this event.

„Места на дарежливост – трансформативни станици“ е интердисциплинарен проект што КСП Центар – Јадро ќе го реализира во текот на 2022 година.
Проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ има за цел да промовира социјално ангажирани уметнички пракси и начините на кој истите се користат како моќни алатка за општествена промена.

Улогата на уметноста при воведување на политичките и социјалните прашања во јавната сфера е сѐ поголема. Денес, уметничките практики се служат со широк спектар на средства, елементи и стратегии кои промовираат зголемена критичката свест и позитивна социјална трансформација. Функцијата на самата уметност во општествениот контекст е да понуди излез од зоната на удобност. Така, проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ поттикнува уметничкото творештво кое излегува од традиционалната рамка на дејствување и зема активно учество во креирањето на конструктивни општествени промени.
Во рамките на овој проект, во периодот од 16 до 21 март, 2022, организираме работилници и предавања обединети под името – КУЈНА ЗА КРИТИЧКИ РЕЦЕПТИ И НОВИ ВКУСОВИ.
Преку едукативниот процес на стекнување нови вештини, знаења и пристапи, учесниците на работилницата ќе имаат прилика да создадат комплексни уметнички содржини кои ги отфрлаат класичните формати на продукција и промовираат социјална ангажираност.
По оваа работилница, во април ќе биде распишан јавен конкур за поддршка на четири проекти чија реализација ќе биде во периодот мај-декември 2022 година.
Проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ се реализира со финансиска помош на Фондација Отворено општество – Македонија

За кого е наменета работилницата?

  • работилницата е наменета за сите кои сакаат да зготват свој критички рецепт во нашата кујна на нови вкусови
  • работилницата е наменета за сите мотивирани, локални уметници кои сакаат да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност
  • работилницата е наменета за сите кои имаат желба да создаваат свои уметнички проекти кои ќе водат кон зголемена критичката свест и позитивна социјална трансформација
  •  работилницата е наменета за сите кои сакаат да научат како да ја аплицираат својата уметност надвор од музеите и галериите
  • работилницата е наменета е за креативци кои сакаат да творат во областа на животната средина, аниткорупцијата, човековите права, социјалната правда и други актуелни теми
  • работилницата е наменета за сите кои сакаат да придонесат за проактивност на заедницата во насока на отварање и решавање на проблеми и прашања на микро ниво.

Предавањата и работилниците ќе бидат спроведени од страна на истакнати уметници кои што имаат долгогодишно искуство во социјално ангажираната уметност: Драган Протиќ и Јелена Вуксановиќ

невешти и вешти,
готвачки и готвачи,
и сите останати,
сите сте добредојдени!

Пополнете го формуларот за учество

Предавањата и работилници ќе се одвиваат во периодот од 16 до 21 март, во попладневните часови.

Краен рок за пријавување: 10.03.2022 година

Избраните учесници ќе бидат навремено информирани по завршување на рокот за пријавување. Присуство на работилницата ќе се смета за предност, при изборот на проектите чија реализација ќе биде во периодот мај-декември 2022 година.


Кратки биографии на предавачите:

Драган Протиќ
Прота, Шкарт/2

… си бил еднаш… нашиот прв предавач, кој заедно со својот школски другар Жоле ја основале групата Шкарт во 1990г. во Белград. Од тогаш до ден-денес, двајцата работат сè освен она што “треба”. Тие веќе триесет години, во конфликтна хармонија и со помош на нивните бројни соработници и соработнички, ги кршат правилата на поезијата, архитектурата, графичкиот дизајн, издаваштвото, перформансот, музиката, филмот, алтернативното образование и сенешто.
Своите предавања, работилници, ангажирани акции и концерти, Шкарт ги остварува ширум Европа, Америка и Азија. Реалирале неколку ретроспективни изложби во Риека / Хрватска (2009), Лондон / Англија (2010), Белград / Србија (2012) и Нагоја / Јапонија (2013). Во 2010 година, Шкарт ја претставил акцијата КЛАЦКАЛИШТЕ – Полигон на Неурамнотеженост, на Архитектонското биенале во Венеција.

Јелена Вуксановиќ

…. писателка и сценаристка. Со класично образование по драматургија, во фокусот на нејзиниот интерес секогаш бил современиот и експерименталниот театар. Јелена има учествувано на разни обуки, работилници и други активности во сферата на неформалното образование, поврзани со современи и применети едукативни театарски техники. Филмот „Панама“ во кој таа е автор на сценариото својата премиера ја имал на филмскиот фестивал во Кан. Во 2018 година, на Бали, ја реализира премиериерно нејзината прва современа опера „Во… Се… – се раздени -“, компонирана од Ендис Скордис. Тука некаде може да се маркира зародишот на фасцинацијата на Јелена со овој експериментален и креативен жанр. Во моментов таа работи на својата втора современа опера „Светлосин ден“, базирана на приказната на Фердинанд фон Ширах, како дел од Берлинската опера, која премиерно ќе биде изведена во јуни 2022 година. Повеќе за работата на Јелена можете да најдете на- www.andromedavuksanovic.com


Информации за COVID-19
Со цел безбедно и непречено одвивање на планираните активности, избраните учесници, пред почетокот на работилницата ќе треба да прикажат еден од следниве документи:
• сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19;
• сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
• медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа претходно

Additional Details

Project Title - Места на дарежливост - трансформативни станици

Project - Места на дарежливост - трансформативни станици

Event registration closed.
 

Date And Time

2022-03-16 @ 17:00 to
2022-03-21 @ 21:00
 

Registration End Date

2022-03-10
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends