Skip to main content

Онлајн предавање: „Која е улогата на синдикатите денес?“

Registrations have closed.
Онлајн предавање: „Која е улогата на синдикатите денес?“

Онлајн предавање: „Која е улогата на синдикатите денес?“

by
576 576 people viewed this event.
КСП Центар-Јадро ја почнува својата онлајн програма со серија на предавања од различни општествено релевантни теми. Првото предавање ќе се одржи на 5-ти јуни 2020 (петок) со почеток од 19:00 часот на Facebook профилот на КСП Центар-Јадро. После предавањето, публиката ќе може да учествува со свои коментари и прашања до предавачот.
Ретка е литературата која го дискутира зајакнувањето на улогата на синдикатите во заштита на работничките права. Економско-политичката литература е таа која синдикатите ги дискутира како организации кои се значајни за економијата, но најчесто оваа литература зборува за флексибилизација на работните односи со цел подобрување на продуктивноста на работниците и зајакнување на националната/регионалната/глобалната економијата. Често во оваа литература синдикатите се опишуваат како организации кои го забавуваат растот на профитот затоа што се спротиставуваат на економските мерки диктирани од капиталот. Со ваков изговор беа и спроведени серија на анти-синдикални мерки во 80-те и 90-те години на минатиот век од страна на глобалните политички лидери како Маргарет Тачер и Роналд Реган.
Но историски, синдикатите играат позитивна улога во развојот на економијата и заштита на работниците. Синдикатите се јавуваат како одговор на миграцијата село/град и трудовата експлоатацијата кој се случила во време на индустриската револуција. Протестите и штрајковите кои почнале да се појавуваат во новите приватни фабрики се јавиле како резултат на лошите услови за работа и неиздржливата експлоатација на трудот. Работниците почнале да се групираат и да формираат организации за да го заштитат сопствениот интерес со тоа што бараат плати кои ќе им обезбедат основна репродукција за работниците и нивните семејства. Таквото спротиставување вроди со несогласување помеѓу работниците и сопствениците, а тие социјални несогласувања прераснаа во водечки конфликт кој ја придвижува економијата и денес. Правото на работа, правото на минимална плата, правото на безбедност и здравје при работа, правото на осумчасовен работен ден, се само дел од правата кои денес работниците ги уживаат благодарение на синдикалните.
Но што е со синдикатите денес? Кои се предизвиците со кои се соочуваат овие работнички организации? Дали има шанса за ревитализација на нивната сила или пак времето на синдикатите е поминато? Ова се само дел од прашањата кои ќе ги покрене ова предавање.
Кире Василев е магистер по студии за развој и труд при Универзитетот на Лондон (СОАС). Членувал во неколку левичарски активистички организации и е автор и ко-автор на неколку студии за трудот и работничките права.
Дискусијата е дел од годишната програма на КСП Центар Јадро која е финансиски поддржана од Министерство за култура.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2020-06-05 @ 19:00 to
2020-06-05 @ 20:00
 

Location

Online event
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends