Registrations have closed.
Онлајн промоција и дискусија за „Мала книга за мечтаење“ – проект на визуелниот уметник Дарко Алексовски
by
556 556 people viewed this event.
Оваа сабота, 5 декември 2020, од 17 до 18 часот, ве покануваме на онлајн промоција и дискусија за „Мала книга за мечтаење“ – проект на визуелниот уметник Дарко Алексовски, во издание на КСП Центар-Јадро. Модератор на промоцијата и дискусијата ќе биде Ѓорѓе Јовановиќ, а разговорот со уметникот ќе го води визуелната уметница Симона Манчева. На крајот од дискусијата ќе следува сесија со прашања и одговори. Прашањата можете да ги поставувате пред и во текот на настанот.
„Мала книга за мечтаење“ е уметничка книга на визуелниот уметник Дарко Алексовски. Книгата е продолжување на проектот „Места за мечтаење“, кој беше развиен и претставен за време на неговото гостување на Инстаграм резиденцијата на КСП Центар – Јадро. Во време кога патувањето е ограничено, овој проект е истражување преку неколку можни начини на сеќавање на места и градови каде што тој патувал или живеел. Книгата е составена од серија прикази и текстови кои се дел од визуелните интереси со кои работи во моментов.
Дарко Алексовски [1989, Македонија] e визуелен и изведувачки уметник. Магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Како уметник гостувал на уметничките резиденции bm:ukk Artist-in-Residence Program (Виена, Австрија), Deutsche Börse Residency Program во Франкфуртер Кунстверајн (Франкфурт, Германија) и Инстаграм уметничката резиденција во КСП Центар-Јадро (Скопје, С. Македонија). Неговата практика се формира на пресекот помеѓу текстуални, сликарски и архитектонски референци. Меѓу другото, неговите уметнички интереси ги вклучуваат и институционалната критика и долгорочните соработки со други уметници.
Симона Манчева [1989, Македонија] е визуелна уметница. Дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Нејзините уметнички интереси се темелат на согледување на фиктивната реалност и уште повеќе фиктивен морал во општествата. Преку нејзините уметнички истражувања, таа се обидува да ги прикаже и сруши нашите ограничени предрасуди и стереотипи кои ги зајакнуваат границите на нашата слобода и во исто време ја развиваат свеста на луѓето за остварување на нивните права и задоволување на нивните потреби. Родовите, половата дискриминација, наследените стереотипи, сексуалниот идентитет, социјално маргинализираните групи, разновидноста и варијациите на луѓето и нивните тела се целите на нејзината практика каде што разбирањето на сите контрадикции и стереотипи како уметник и улогата на уметноста да интервенира и преиспита овие социјални конструкции.
Реализацијата на „Мала книга за мечтаење“ е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
—————————–
We invite you this Saturday, 5th December, from 17:00 to 18:00h, to the online promotion and discussion for “A Small Book for Daydreaming” – a project by Darko Aleksovski, published by SCS Centar-Jadro. The promotion will be moderated by Gjorgje Jovanovik, and the conversation with the artist will be led by the visual artist Simona Mancheva. The event will be followed by a Q&A session. You can submit your questions before or during the event.
“A Small Book for Daydreaming” is an artist’s book by the visual artist Darko Aleksovski. This book is an extension of the project Places for Daydreaming which was developed and
presented during his Instagram Residency at SCS Centar – Jadro. In a time when traveling is limited, this project is a research through some possible ways of memorising places and cities where he travelled to, or lived. The book is composed of a series of images and texts—the current visual interests that he works with.
presented during his Instagram Residency at SCS Centar – Jadro. In a time when traveling is limited, this project is a research through some possible ways of memorising places and cities where he travelled to, or lived. The book is composed of a series of images and texts—the current visual interests that he works with.
Darko Aleksovski [b. 1989] is a visual and performance artist. He holds an MFA Degree from the Faculty of Fine Arts in Skopje. He was an artist-in-residence at bm:ukk Artist-in-
Residence Program (Vienna, Austria), Deutsche Börse Residency Program at Frankfurter
Kunstverein (Frankfurt, Germany) and the Instagram Residency Program at SCS Centar-Jadro (Skopje, N. Macedonia). His practice is formed at the intersection between textual, pictorial and architectural references. His other artistic interests include ongoing collaborative and participatory projects, and institutional critique.
Residence Program (Vienna, Austria), Deutsche Börse Residency Program at Frankfurter
Kunstverein (Frankfurt, Germany) and the Instagram Residency Program at SCS Centar-Jadro (Skopje, N. Macedonia). His practice is formed at the intersection between textual, pictorial and architectural references. His other artistic interests include ongoing collaborative and participatory projects, and institutional critique.
Simona Mancheva [b. 1989] is a visual artist. She holds an MFA Degree from the Faculty of Fine Arts in Skopje. Her artistic interests are based on perceiving fictitious reality and even more the active morality in societies. Through her artistic research, she tries to portray and shake down our constrained prejudices and stereotypes that strengthen the boundaries of our freedom, and at the same time develop people’s awareness of the realization of their rights and satisfaction of their needs. Gender, gender discrimination, inherited stereotypes, sexual identity, socially marginalized groups, diversity and variations of people and their bodies are the goals of her practice where understanding of all contradictions and stereotypes as an artist and the role of arts to intervene and re-examine these social constructs.
The realization of “A Small Book for Daydreaming” is financially supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.
Additional Details
Project Title -
Project -