Registrations have closed.
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦА ЗА ВИДЕО „video_workshop.mov“
by
490 490 people viewed this event.
Во рамки на проектот Arts Hub, КСП Центар- Јадро организира работилница за видео „video_workshop.mov“ во текот на месец мај под менторство на визуелниот уметник Денис Сарагиновски.
Работилницата за видео „video_workshop.mov“ има за цел да помогне во техничката надградба на учесниците. Преку разговори и практична презентација, учесниците ќе имаат можност да ги продлабочат своите познавање за видеото. Почнувајќи со осврт кон почетоците на видеото, преку трансформацијата во дигитален запис (file format) и неговите компресии, па сè до запознавање со основните технички терминологии и карактеристики на видео камерата како: ISO, експозиција или Shutter (Angle), бленда, баланс, динамички опсег, raw, fps итн. Потоа ќе се запознаеме со основните „правила“ (сетинзи) за снимање видео, вклучувајќи го и аудиото и светлото. Следува вовед во постпродукција: видео монтажа, колор корекција, аудио обработка и финален фајл (mastering). За потребите на постпродукција ќе го користиме софтверот (DaVinci Resolve Free и DaVinci Resolve Studio).
Учесниците пожелно е да имаат предзнаења за визуелно изразување. Старосната граница за учесници е од 18 до 35 години. Исто така пожелно е учесниците да донесат свој лаптоп.
Работните сесии ќе се одржуваат во просторот на Центар-Јадро (ул. Алберт Ајнштајн бр.2), секоја сабота во месец мај од 18:00 часот до 20:00 часот.
ПРИЈАВУВАЊЕ https://forms.gle/XWS9GGFL9nBrdSb8A
* Повикот е отворен до 30.04.2023
Бројот на местата е ограничен и од прифатените апликанти се очекува редовност на сите сесии.
————————————————
Денис Сарагиновски
Визуелен уметник и видеографер. Студирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во периодот 1991-1996 г. Со видео експерименти, анимација и видео уметност се занимава од 1993 год. Основач е на „ДСД продукција“ (1993-2003). Автор е на голем број музички видео спотови, ТВ реклами, корпоративни видеа, џинглови и сл. Работел како снимател, монтажер и постпродукција на голем број ТВ емисии и ТВ серии.
Во 2001 г., заедно со визуелната уметница Слободанка Стевческа ја основаат соработката ОПА (Опсесивно посесивна агресија). Соработка која генерира голем број на интердисциплинарни проекти и учество на бројни изложби и фестивали низ Европа, значаен дел од нив, посветени токму на интердисциплинарноста и уметноста на новите медиуми („Трансмедиале“, Берлин; „Трансеуропа – Европски театарски и перформанс фестивал“, Хилдесхајм; „Freewaves – Биенале на нови медиуми“, Лос Анџелес; „Биенале на современи уметности“, Москва; „Арс Електроника“, Линц, итн.)
Одреден период, почнувајќи од 2003 г., заедно со Слободанка Стевческа живеат номадски низ Европа, работејќи како самостојни уметници.
Соосновач и активен член е на Иницијативата Кооперација (2012-2015).
Additional Details
Project Title -
Project -