Registrations have closed.
ПОВИК за учесници во работилницата „ОКО” под водство на Марија Џиџева
by
402 402 people viewed this event.
За едно поразлично семејно дружење за оние кои сакаат трансгенерациски предизвици
Концептот на работилницата е формирање на семејни екипи составени од два члена (дете и родител/старател, дедо или баба…) и преку заедничко учење, гледање филмови, разговори и дружење, секоја екипа да создаде, сними и монтира своја филмска приказна. Филмот може да е инспириран од семејните албуми, од соочувањата со генерациските јазови или од секојдневните современи предизвици како на пр. урбанистичката промена во градот, екологијата и животната средина, социјалната правда итн.
За учество во работилницата не е потребно никакво предзнаење или техничка опрема.
Работилницата ќе заврши со финален настан за презентација во Центар-Јадро.
Доколку сакате да бидете дел од оваа работилница, испратете е-маил со ваши податоци на: [email protected]
(напомена: на работилницата ќе можат да учествуваат првите пет екипи кои ќе се пријават на повикот)
(напомена: на работилницата ќе можат да учествуваат првите пет екипи кои ќе се пријават на повикот)
- Повикот е отворен од 30.04.2022 до 10.05.2022 (00:00 ч.)
- Работилницата ќе се одржи од 13-15 мај 2022 година во просториите на Културно социјален простор Центар-Јадро, Скопје.
——————————————————————————-
ОКО: филмска работилница
распоред:
распоред:
петок, 13.мај 2022 ( 17 -20 часот)
Како да раскажеме филмска приказна
Како да раскажеме филмска приказна
17:00-20:00 – разговор: како да раскажеме кратка филмска приказна
и проекции на кратки филмски форми
и проекции на кратки филмски форми
сабота, 14.мај 2022
Трансгенерациски филмски дијалог
Трансгенерациски филмски дијалог
10:00-12:00 -дефинирање на идеите
12:00-17:00 -снимање по парови
17:00-19:00 -прегледување на снимениот материјал и дискусија
12:00-17:00 -снимање по парови
17:00-19:00 -прегледување на снимениот материјал и дискусија
недела, 15.мај 2022
Креирање на заедничка семејна филмска приказна
Креирање на заедничка семејна филмска приказна
10:00-18:00 -монтирање на видеата ( со секој пар поединечно)
За водачката на работилницата:
Марија Џиџева е родена во Гевгелија на 24 декември 1970 година. Основно и средно образование завршува во родниот град. Студира на Филолошкиот факултет во Скопје и во 1994 година дипломира на Катедрата за македонска книжевност. Истата година ги започнува студиите на Факултетот за драмски уметности и во 2000 година дипломира на Катедрата за филмска и тв режија. Работи документарни и играни филмови. Учествува на голем број на семинари и работилници каде се надградува од областа на филмот и филмската едукација, како и на талент кампуси и пичинг форуми, каде ги презентира своите проекти. Автор е на филмовите: “Мис Амнезија”, “Списокот на Тони Манџа”, “Погледни го животот низ моите очи”, “Барајќи ја среќата”, “Некои поинакви приказни”, “Втора шанса”, прикажувани и наградувани на повеќе филмски фестивали. Работи и на повеќе телевизиски докуметарни проекти. Во периодот од 2015 до 2018 година е ангажирана на Филмската Академија при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Активно учествува и во филмска едукација на деца и млади со креирање и реализиање на филмски работилници.
Повеќе инфо на: https://www.imdb.com/name/nm3290999/
Работилницата ќе ја реализира заедно со филмологот Александар Трајковски
Александар Трајковски, роден е во 1986 година во Скопје. Во 2011 година дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје, на катедрата за историја на уметност. Во 2022 магистрира на катедрата за продукција на Европската филмска академија Европа Прима Скопје. Вработен е во Кинотека на Македонија како виш филмолог, задолжен за прием и обработка на филмови на дигитален носач, како и супервизор на проектите за дигитална реставрација на македонското филмско наследство. Во 2014 година како стипендист на ФИАФ ( Светска федерација на филмски архиви) зема учество во Летна школа за филмска реставрација во Болоња. Во 2015 година станува дел од редакцијата на филмското списание Кинопис, каде што редовно пишува текстови за филмска критика и филмска теорија. Во 2017 година учествува во основањето на здружението за развој и промоција на филмска култура и писменост Кино Балкан Скопје, како и фестивалот на Нов Европски Филм Beach Film Festival.
Оваа работилница е дел од годшината програма на Центар Јадро за 2022 година и е реализирана со финансиска поддршка од од Министерството за култура.
Additional Details
Project Title -
Project -