Registrations have closed.
Презентација на ПРОЕКТОТ „Добро. Подобро, чисто! на Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски
by
358 358 people viewed this event.
Драги наши, во рамките на новиот проект Arts Hub кој ќе го реализираме во приодот 2023/24 година, започнуваме со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.
Преку оваа серијата од 6 презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата КСП Центар Јадро во изминативе 2 години беа поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, Културно Ехо, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски) ќе можат на своите колеги, пред се помлади и помалку искусни, но и на заинтересираните граѓани од локалната заедница, да им ги претстават своите веќереализирани проекти и да ги споделат искуствата и лекциите научени од праксата во специфичниот локален контекст. Проследени со прашања и одговори од публиката, овие презентации и разговори, меѓу другото, ќе ги пренесат искуствата и ќе помогнат во освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално ангажираната уметност
Серијата на презентации ја започнуваме со презентацијата на проектот „Добро. Подобро, чисто!„ на Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски.
“Добро.подобро.ЧИСТО!” е едукативно-уметнички проект кој се реализираше во рамките на проектот „Места на дарежливост -трансформативни станици“.
Проектот има за цел да го подигне нивото на јавна свест за еколошките прашања во урбаната средина на градот Скопје и да се поддржи проактивниот однос на поединецот кон општествените предизвици со кои се соочуваме денес. Преку креативна употреба на фотографскиот медиум и арт – терапија проектот ги охрабрува учесниците не само да го набљудуваат светот околу себе, туку и да култивираат однос на самоистражување заради јакнење на чувството на лична моќ.

Вака осмислен, проектот се реализираше во периодот септември – октомври 2022 преку провеќе активности: фотографирање во екстериер, работилница за цијанотипии, работилница со арт терапија и изложби. Активностите ги спроведуваа Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски во соработка со гиманзиите “Никола Карев” и “Јосип Броз Тито”.
—————————————————————————
Проектот Arts Hub е место за спојување, креативно истражување и изразување, каде што уметниците и сите оние што се заинтересирани да го искусат креативниот процес ќе можат да ги развијат и надградат своите интереси, знаења и вештини. Arts Hub ќе обезбеди достапен простор за собирање и континуирана работа. На овој начин учесниците ќе имаат прилика да ги споделат и надградат своите заеднички интереси, како што се визуелнитe уметности, музиката и изведувачките уметности итн.
Главна цел на проектот е да се мотивираат уметниците кои што работат во различни уметнички дисциплини да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност, специфичните форми на театар, аудио продукцијата и аудио подкаст, фотографија и видео и како и тоа да се поттикнат, користејќи го стекнатото искуство низ едукативниот процес да создадат свои партиципативни проекти преку кои ќе имаат импакт во заедницата и ќе делуваат во подигање на свеста за разни социјални и политички теми и проблеми.

Овој проект ќе се стреми кон напуштање на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти што подразбира активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, активно учество на граѓаните и публиката.
Arts Hub се реализира со финансиска поддршка на Фондација отворено општество-Македонија
@FOSMacedonia
See less
Additional Details
Project Title -
Project -