Skip to main content

Презентација на проектот „Домашна работа“ на Кристина Божурска

Registrations have closed.
Презентација на проектот „Домашна работа“ на Кристина Божурска

Презентација на проектот „Домашна работа“ на Кристина Божурска

by
323 323 people viewed this event.
Почитувани, во рамките на новиот проект Arts Hub кој ќе го реализираме во периодот 2023/24 година, продолжуваме со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.
Преку оваа серијата од 6 презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата КСП Центар Јадро во изминативе 2 години беа поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, Културно Ехо, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски) ќе ги претстават своите веќе реализирани проекти и ќе ги споделат искуствата и лекциите научени од праксата во специфичниот локален контекст. Проследени со прашања и одговори , овие презентации и разговори, меѓу другото, ќе ги пренесат искуствата и ќе помогнат во освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално ангажираната уметност.

Серијата на презентации ја продолжуваме со презентацијата на проектот „Домашна работа“ на Кристина Божурска во рамките на Arts Hub, 9 февруари (четврток) во 20 часот во КСП Центар- Јадро.
„Преку проектот „Домашна работа“ наша цел беше да развиеме експериментални и колаборативни форми на уметничка пракса, каде што фокусот беше насочен кон процесот и можностите што произлегуваат од тој процес. Нашата почетна точка на онлајн работилниците беше разгледувањето на дела од автори чиј главен фокус е социјалниот ангажман. Потоа го користевме ова искуство како средство за отворање на дискусија, правење паралели со личните животи, мобилизирање на идеи и иницирање акција. Младите учесници беа охрабрени да го препознаат потенцијалот што уметноста може да го има во обликувањето на нашата социјална реалност. Тие беа охрабрени да создадат и свои уметнички дела со различни достапни материјали со цел да посочат на социјалните теми и проблеми од нивната локална заедница, притоа носејќи ја уметноста на неочекувани јавни простори. Создавањето на пињати пред КСП Центар – Јадро не однесе во друга форма на учеството на публиката. Креиравме настани за дружење со соседите и случајните минувачи и заеднички изработувавме предмети потребни за изложбата. Пињатите се направени од донирани, непотребни хартии од домашни задачи кои потоа беа персонализирани со текстови, напишани и собрани од младите учесници на онлајн работилниците. Кршењето на пињатите на отворањето на изложбата ќе биде метафоричка „катарза“, симбол на личното и колективно дејствување на разбивање на несаканата реалност и „пишување“ и замислување на нова иднина со поголема емпатија, сочувство и разбирање.“ – истакнува Божурска во својот текст за целите и фазите на проектот.
Божурска го развиваше својот проект во периодот март-јули 2021 година во кој свое активно учество земаа Јана Иванова, Јована Лалчевска, Грегор Пешевски, Благица Стојанова, Ивона Здравева, Денис Денчиќ, Софија Краљевска, Исидора Божиновска и Лукас Картер.

На следниов ЛИНК можете да ја погледнете дигиталната верзија на публикацијата –   https://drive.google.com/…/199ej9TJ7wfS…/view…
Кршење на пињатите на вечерта на отворањето на изложбата –  https://fb.watch/iy3dW_gNt6/

Kратко видео од втората работилница од партиципативниот проект “Домашна работа” на Кристина Божурска –   https://fb.watch/iy3gJeFc3W/

Кратко видео од првата работилница од партиципативниот проект “Домашна работа” на Кристина Божурска –  https://fb.watch/iy3i8DMjxZ/

 


Кристина Божурска дипломирала сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, a во 2017 магистрира на Институтот за културолошки студии, Скопје, фокусирајќи се во своето истражување на социјалните практики во уметноста. Во своите дела користи мноштво техники и материјали, вклучувајќи готови предмети, сликарство, цртеж, текст и видео. Суштина на нејзината практика е социо-политичкиот контекст каде преку изборот на материјали и визуелни референци директно ги коментира актуелните проблеми.Честопати трга од отфрленото, непотребното, заборавеното, во обид да го помести фокусот на опсервација и да го преиспита доминантниот консензус. Имала самостојни изложби во галерија Уна во Бјаред, Шведска; Мала Станица, МКЦ и СИА Галерија, Скопје, Прима галерија Берлин и Куманово и учествува на бројни групни изложби и видео-фестивали во земјата и надвор.
Остварила студиски престој во ISCP New York и добива стипендија за учество во работилницата Arte Utile на Тања Бругера, на Летната Уметничка Академија во Салзбург во 2013. Има освоено неколку награди: Универзитетска награда за најдобар дипломиран студент (2007/2008), Најдобар видео во категоријата “Нано минута” на Меѓународниот видео фестивал во Бразил (2008); (YVAA) “Денес”, наградата за млад уметник за 2010 година и во 2019 BuzArt награда на уметничката резиденција “Togetherness” во Тирана, доделена од Швајцарската фондација за култура во Албанија и галерија Кало. Предава ликовна уметност во интернационалното училиште QSI, Скопје.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-02-09 @ 20:00 to
2023-02-09 @ 21:30
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends