Skip to main content

Работилница за критичко пишување: „Критичка материја и материја на критика“ со Егле Амбрасаите

Registrations have closed.
Работилница за критичко пишување: „Критичка материја и материја на критика“ со Егле Амбрасаите

Работилница за критичко пишување: „Критичка материја и материја на критика“ со Егле Амбрасаите

by
622 622 people viewed this event.
Со работилницата Критичка материја и материја на критика: експериментално пишување преку феминистички и пост-хуманистички партиципативен уметнички пристап (15 – 16.10.2022) под раководство на Егле Амбрасаите (Литванија), КСП Центар – Јадро го започнува циклусот на работилници за критичко пишување.


Целта на овој циклус на работилници е да се мотивираат младите критичари и теоретичари преку едукативниот процес да стекнат нови вештини, знаења и пристапи спроведени преку предавања и работилници на истакнати критичари и теоретичари.
Учесниците ќе се поттикнат да мапираат релевантни уметнички проекти а потоа и да напишат свои критички осврти или есеи за овие дела и на тој начин да го вратат во јавната сфера критичкото промислување и диалог кој толку многу недостасува кај нас.
Преку работилниците за критичко пишување целиме кон тоа да ги обучиме учесниците да ги забележат и социјално-политичките односи во едно уметничко дело и каков и колкав е изгледот на тоа дело да отвори прашања, дебата и помеѓу тие што не се обично сметани како артистичка публика. Фокусот од естетските иновации и формалната софистицираност во едно уметничко дело ќе се пренасочи во насока на релационата естетика и комуникациската субверзивност.
Информации за работилницата: „Во оваа работилница ќе разговараме за односите на човештвото со неговата другост и како тие се меѓусебно поврзани со различните форми на нееднаквост и односи на моќ, како на пр пол/род, маскулинизам/феминитет, раса и класа, како и политичка екологија. Тоа ќе го направиме повикувајќи се на списите на Хелен Сиксо, бел хукс, Глорија Анзалдуа, Сувендрини Перера, Астрида Нејманис и уметничките дела на Џуди Чикаго, Марта Рослер, Хито Стејерл, Џејсон ДеКаирес Тејлор, Сања Ивековиќ, Јоко Оно, Патриша Пичинини и многу други. Ова ќе биде проследено со колективното читање и собирање на органски и синтетички материјали (материја на критика). Потоа, во нашата пракса ќе ги имплементираме методите на „практикување заедништво“: забавеност, дишење, чувство на енергија, споделување и грижа. Рефлексија со помош на материјата и со експериментирање со нови начини на учење, правење и споделување знаења, ќе создадеме кратки експериментални и критички напишани дела инспирирани од собраните материјали. И текстовите и материјалите подоцна ќе бидат дел од нашата мала изложба.“

– Егле Амбрасаите


Егле Амбрасаите може да се лоцира на место резервирано за интердисциплинарна уметност: таа е и уметница, кураторка и теоретичарка. Нејзините интердисциплинарни студии – диплома за филм, видео и интерактивна уметност (Универзитет Мидлсекс, Лондон), магистерски студии по политички науки (Витаутас Магнус Универзитетот, Каунас) и нејзиното тековно докторско истражување за родови студии (Универзитет на Централна Европа (ЦЕУ), Будимпешта/Виена) – ја трансформираа нејзината уметничка работа во предизвик, современ и критички медиум кој се кристализира во јазикот на визуелната уметност (видео/скулптура/инсталација), различни форми на критички текстови и есеи и нејзината кураторска практика за Програми во Лабораторијата Аикас Жадо (Куќата Жемиаи Манор). Во моментов, нејзиниот главна уметничка и кураторската практика гравитира околу темите за љубовта, нежноста, токсичноста и телата/отелотворувањата. Нејзините теоретски интереси ги опфаќаат родот, биополитиката, доцниот социјализам и постсоцијализмот, теоријата на афектите и темната екологија.


Распоред: 15.10.2022 (сабота)
10.00-11.00 Утринско кафе и појадок
11.00-11.15 Кратки воведи од учесниците
11.15-12.15 Теорија I дел: презентација
12.15-12.30 Дискусија
12.30-13.30 Пауза за ручек
13.30-14.30 Теоретски дел II: колективно читање („Нарушувачки љубов(и): истражување за заедништвото во теоретските, практичните и уметничките размислувања на Аикас Жадо Лабораторија и Еглес Амбрасаите“)
14.30-14.45 Дискусија
14.45-15.00 Кафе пауза
15.00-15.30 Прошетка за собирање на материјали за критика
15.30-16.30 вежбање заедништво: забавеност, дишење, чувство на енергија, споделување
16.30-17.15 Практикување на експериментално и критичко пишување преку собраните материјали за критиката: вежба за пишување
17.15-17.30 Кафе пауза
17.30-18.30 Збирно читање на пишаните текстови (снимање)
18.30-19.00 Дискусија, крај на првиот ден ❤

16.10.2022 година (недела)
10.00-11.00 Утринско кафе и појадок
11.00-12.00 Градење на колективна сценографија
12.00-13.00 Изложба/презентација пред јавноста
13.00-13.15 Завршна дискусија и збогум ❤

Бројот на учесници е ограничен.
Сите заинтересирани треба да го пополнат следниот формулар: https://docs.google.com/…/1Jimjv5iEI56aCzdlixI5Mrm…/edit
Рокот за пријавување за учество во проектот е до 12.10.2022 година.


Активноста се реализира во рамки на проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици 2“ финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија

Additional Details

Project Title -

Project -