Registrations have closed.
Работилница: ПЛЕЈБЕК ТЕАТАР
by
563 563 people viewed this event.
Работилницата ПЛЕЈБЕК ТЕАТАР, под водство на Лучила Трапацо. Работилницата беше наменета за уметници: изведувачки уметници, музичари, визуелни уметници, како и други креативци кои сакаат да стекнат и/или да ги прошират своите вештини и знаења од областа на партиципативниот театар, театарот на импровизација и театарот применет како алатка за работа со заедницата.
“Во секој од нас тлее по еден актер”(J.L.Moreno)
Работилницата во организација на КСП Центар-Јадро се одржуваше во периодот 07-17.06.2021 под менторско водство на швајцарската актерка, поетеса и театарска менторка Лучила Трапацо, а во неа активно учествуваа креативни професионали од различни дисциплини.
Домашните учесници стекнаа знаење, вештини и искуство поврзани со Плејбек театарот, кој е оригинална форма на театар на импровизација во која публиката е таа што ја раскажува приказната, а актерите преку специфични техники ги развиваат и засилуваат раскажаните приказни, враќајќи им ги на гледачите како во огледало.
Настанат во средината на 1970-тите години, од уметничкото истражување на њујорчанецот Џонатан Фокс, Плејбек театарот (Playback Theatre) ги синтетизира техниките на психодрамата на Морено (мимата, танцот, музиката и ритуалот). Корисна алатка во кој било вид на настан кој се стреми кон директна и плодна комуникација помеѓу учесниците и алатка која стимулира синергии и размени во заедницата.
Поддржано од Амбасадата на Швајцарија во РС Македонија и од Министерството за култура.
Additional Details
Project Title -
Project -