Skip to main content

“Разговори со Сара”-колективен перформанс во создавање

Registrations have closed.
“Разговори со Сара”-колективен перформанс во создавање

“Разговори со Сара”-колективен перформанс во создавање

by
577 577 people viewed this event.

“Разговори со Сара” е колективен перформанс во создавање, кој се темели врз раскажување на (фиктивната) приказна во која главен јунак е култната британска авторка Сара Кејн. Се работи за проект кој се базира на вкрстувањето/соединувањето на движењето, гласот, уметничката експресија и класичниот театар. Преку сценскиот соживот на различни уметнички јазици (современ танц, актерска игра, визуелна уметност), сценската изведба добива димензија која е естетски недофатлива и истовремено е просторно сеопфатна, и која ги брише границите меѓу различните уметнички дисциплини создавајќи заедничко искуство и спомени.

Еднонеделната работилница под менторство на Лучила Трапацо, инспирирана од тренингот и искуството на работа со Елизабет Кемп (една од најистакнатите театарски учители/ментори во САД за овој метод), има за цел да им помогне на актерите, современите танчери и останати профили на изведувачки уметници да остварат контакт со својата интимна и креативна страна: кој/а сум јас, што чувствувам и од што сум создаден/а, како неисцрпен извор од кој изведувачкиот уметник црпи во секоја фаза од подготовката на ликот. Процесот се одвиваше според учењата на Станиславски, врз кои Ли Стразберг понатаму го развива својот метод, стимулирајќи ја афективната и сензорна меморија со цел да се стигне до скриените делови на себството / битието. Експресивните алатки ќе бидат уникатни за секој еден учесник, секој ќе си го пронајде сопствениот глас црпејќи од своето животно искуство.
Проектот се реализира во рамки на манифестацијата Нов културен бран 2019, во соработка со установа од областа на културата Културно-социјален простор Центар-Јадро Скопје, Музеј на Град Скопје и Дом на млади Штип. Проектот е финансиски поддржан од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија.

  • Водач на работилницата и процесот: Лучила Трапацо (Швајцарија)
  • Кореограф: Искра Шукарова
  • Играат: Теодора Ежовска, Марија Димитрова, Христина Цветаноска, Јасмина Билаловиќ, Искра Шукарова.
  • Фото/видео документација: Елеонора Стојановиќ

Additional Details

Project Title -

Project -