Skip to main content

Разговор и презентација на видео делата на Верица Ковачевска во разговор со кураторката Јованка Попова

Registrations have closed.
Разговор и презентација на видео делата на Верица Ковачевска во разговор со кураторката Јованка Попова

Разговор и презентација на видео делата на Верица Ковачевска во разговор со кураторката Јованка Попова

by
555 555 people viewed this event.
Во среда, 9 декември, од 18 до 19 часот, имаме чест да ве поканиме на видео скрининг и дискусија со визуелната уметница Верица Ковачевска во разговор со кураторката Јованка Попова.
Избранитевидео дела што ќе бидат претставени и дискутирани се осврнуваат на главните преокупации во уметничката пракса на Ковачевска, односно на врската помеѓу перформансите и видео-уметноста.
Листа на видеа:
– I Must Be (2003), video performance, 2:20 min (shortened)
– The Artist (2013), video, 2:12min
– Power Tower (2010), video documentation, 9:49min
– The House We Grew Up In (2017), video documentation, 7:43 min
– The Last Flight (2020), video, 3:13min
Настанот ќе биде пренесуван во живо на Фб страницата на Јадро. Истиот е организиран од КСП Центар-Јадро како дел од програма „Видео уметници од Македонија и регионот“.
Програмата „Видео уметници од Македонија и регионот“се реализира со финансиска поддршка на Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија #CHinMK и @Министерство за култура.
.
Верица Ковачевска (1982, Скопје) е уметница која живее и работи во Цирих.
Нејзиниот уметнички процес се заснова и на истражување и на лично искуство. Таа користи различни медиуми (перформанси, видео, фотографија, нови медиуми) за да ја ангажира публиката со нејзината работа и (јавниот) простор каде што се создава делото. Дипломирала на отсекот за визуелни уметности, театар и перформанс на Универзитетот во Плимут (Велика Британија) и магистрирала на отсекот за уметност, култура и образование на Универзитетот во Кембриџ (Велика Британија).
Нејзините дела се претставени на бројни меѓународни изложби, вклучително и Манифеста 11 (Цирих); Други можни светови, казино Луксембург (Луксембург); re.act.feminism, Akademie der Künste (Берлин); 4. Московско биенале (Москва); 255 804 км2, Месна Галерија (Љубљана); и Nonplaces, Музеј на современа уметност (Белград). Селектирани самостојни изложби: Двe и пол соби, Национална галерија на Македонија (Скопје). Добитник е на стипендијата Werkstipendium der Stadt Zurich- Цирих 2017 и Награда за млади визуелни уметници ДЕНЕС 2018 во Северна Македонија.
За повеќе детали, ве молиме, видете на https://www.kovacevska.net/
Јованка Попова (1980, Скопје) е куратор во Музејот на современата уметност – Скопје и куратор и програмски координатор на Проектниот простор „Прес ту егзит“. Докторант на Факултетот за медиуми и комуникации СИНГИДУНУМ во Белград. Магистрирала на Институтот за Историја на уметноста, насока – современа уметност на Филозофскиот факултет во Скопје. Работела на повеќе домашни и интернационални кураторски проекти. Во 2019 била куратор на северно македонскиот павилјон на 58. Венециско биенале. Како дел од програмата на неколку меѓународни конференции и симпозиуми одржала презентации и предавања на Humboldt University Берлин, Goethe University, Франкфурт, Central European University, Будимпешта, Hankuk University of Foreign Studies, Seoul, Kunsthistorisches Institut, Фиренца; Norwegian University of Science and Technology, Трондхејм, Bahcesehir University, Истанбул итн. Претседател е на AICA Македонија – здружение на ликовни критичари, историчари на уметноста и кустоси кои дејствуваат на полето на модерната и современа уметност.
————————————————-
On Wednesday, December 9, from 6 pm to 7 pm, we have the honor to invite you to a video screening and discussion with the visual artist Verica Kovacevska in a conversation with the curator Jovanka Popova.
The selected videos that will be presented and discussed address the main preoccupations in Kovacevska’s artistic practice, ie the connection between performance and video art.
List of videos:
– I Must Be (2003), video performance, 2:20 min (shortened)
– The Artist (2013), video, 2: 12min
– Power Tower (2010), video documentation, 9:49 min
– The House We Grew Up In (2017), video documentation, 7:43 min
– The Last Flight (2020), video, 3: 13min
The event will be broadcast live on Jadro’s Facebook page. It is organized by SCS Center-Jadro as a part of the program “Video artists from Macedonia and the region”.
The program “Video artists from Macedonia and the region” is realized with the financial support of the Swiss Embassy in the Republic of Northern Macedonia and the Ministry of Culture.
.
Verica Kovacevska (1982, Skopje) is an artist living and working in Zurich.
Her artistic process is based on both research and personal experience. She uses different media (e.g. performance, video, photography, new media) to engage the audience with her work and the (public) space where the work is created.
She holds BA in Visual Arts with Theatre and Performance from theUniversity of Plymouth (UK) and MPhil in Arts, Culture and Education from the University of Cambridge (UK).
Her work has been shown in numerous international exhibitions, including Manifesta 11 (Zurich); Other Possible Worlds, Casino Luxembourg (Luxembourg); re.act.feminism, Akademie der Künste (Berlin); 4th Moscow Biennale (Moscow); 255 804 km2, MestnaGalerija (Ljubljana); and Belgrade: Nonplaces, Museum of Contemporary Art (Belgrade). Among her solo exhibitions was Two and a Half Rooms, National Gallery of Macedonia (Skopje). She is the recipient of the 2017 Werkstipendium der Stadt Zurich and the 2018 DENES Young Visual Artist Award in North Macedonia.
For more details please visithttps://www.kovacevska.net/
Jovanka Popova (1980, Skopje) is a curator and program coordinator at Press to Exit Project Space, and curator at Museum of Contemporary Art in Skopje. She is PHD candidate at Faculty of Media and Communication, Singidunum University in Belgrade, Serbia. She completed her B.A. and M.A. at the Faculty of Philosophy, Institute for History of Art in Skopje, where she was a Teaching Assistant for the subject Macedonian Contemporary Art. She has curated exhibitions in the contemporary art field in Macedonia and worked on international curatorial projects. She was the curator of the North Macedonian Pavillion at 58 Venice Biennale in 2019. She has also presented her work at the Humboldt University, Central European University Budapest, Goethe University Frankfurt, Hankuk University of Foreign Studies, Seoul, Kunst Historisches Institut, Florence, Bahcesehir University, Istanbul, Trondheim Academy of Fine Arts and other institutions. She is a president of the Macedonian Section of the AICA International Association of Art Critics.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2020-12-09 @ 18:00 to
2020-12-09 @ 19:00
 

Location

Online event
 

Event Types

Share With Friends