Skip to main content

Споменици на Иднината / Future Monuments

Registrations have closed.
Споменици на Иднината / Future Monuments

Споменици на Иднината / Future Monuments

by
641 641 people viewed this event.

Современа уметност, нови медиуми и технологии – вовед до процес до уметничко дело
Контакт:
[email protected]
+38977605286
(дефинирајте за која работилница сте заинтересирани)
Градиме контрапункт на моменталната социо-политичка клима во која младите современи автори создаваат. Отворајќи нови полиња за размислување и замислување на нови иднини, тежнееме да ја отелотвориме сегашноста кон некоја поинаква, можна иднина.
Проектот има за цел да воспостави мост помеѓу новите технологии, 3Д печатење и дизајн на звук/звучна инсталација како современи обликовни постапки при конципирањето на новите уметнички медиуми. (изложување на истите во заеднички простор)
Интензивните курсеви ќе бидат реализирани преку интердисциплинарен пристап во неколку сесии и на истите ќе биде опфатен историјатот на создавање на новите технологии, потребата, иновацијата и перспективите, но и можностите што овие нови технологии ги нудат во правец на разбивање на стереотипните уметнички практики.
Целта е воведување на учесниците во еден нов свет на можности и идеи, кои би биле корисни и прагматични за понатамошниот развој на нивните кариери.
Пријавените и селектираните учесници, ќе имаат можност одблизу да го поминат целиот процес на креативните постапки – од конечна реализација на 3Д печатењето и дизајн на звук, до завршен 3д модел, во комуникација со менторите и опсервација на практичното изведување.
Учесниците на проектот, покрај бесплатната едукација од страна на ангажираните ментори ќе имаат можност да го изведат свое конечно конципирано дело во форма на 3Д печатена скулптура, како и звучно-просторни инсталации преку опрема што наменски ќе биде обезбедена.
Уметниците ќе добијат можност своите мултимедијални дела да ги презентираат и изложат во Музејот на современата уметност- Скопје. (https://msu.mk/)
РАБОТИЛНИЦА ЗА ДИЗАЈН НА ЗВУК – Марко Рикалоски
Во раболницата за дизајн на звук ке се опфатат неколку техники за создавање на богати звучни пејсажи:
• Работа со аналогни синтисајзери и ритам машини
• Теренско снимање и креирање на звучни банки
• Поставување на звучна инсталација
• Креативно користење на дигитални ефекти
• Дигитална обработка на снимен матерјал
Сите учесници на работилницата се охрабрени да донесат свој снимен матерјал, дело во процес или опрема која ја имаат на располагање или користат.
РАБОТИЛНИЦА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕ – Лука Веригиќ
Оваа работилница е наменета за почетници во областа и ќе покрие низа на кросдициплинарни техники, би можеле да ја следите работилницата под претпоставка дека имате основни познавања со софтвер за 3д моделирање.
Преку оваа работилница ќе се запознаете со ФДМ и СЛА 3д принт технологиите. Ќе дознаеме за техничките предности и ограничувања на овие технологии и како може да ги примениме во контекст на уметничките практики, покривајќи го процесот од оспособување на модел за 3Д печатење до финален производ при разгледување на сите софтвери кои ни се потребни.
Работилницата може да резултира со заеднички или индивидуален проект во консултација со партиципантите. Оваа работилница е за: Почетници заинтересирани за SLA i FDM 3д принтери, почетници во 3Д печатење светот кои немаат пристап до 3Д принтер
• Историја на технологија
• Типови на материјали
• Подготовка на 3Д модел за печатење
• Преглед и користење на софтвери за подготовка и припрема
• Печатење
• Постпроцесирање
Сите учесници се охрабрени да донесат свои 3Д модели или недовршени проекти кои ќе ги прегледаме заедно и на крајот на курсот ќе ги оспособиме за печатење.
ПРОГРАМА
Петок 14.10.2022 КС центар Јадро (https://www.facebook.com/centarjadro/)
12:00 – 13:00 – Вовед во проектот – Велимир Жерновски
13:00-14:00 – Вовед во работилница за 3Д печатење
14:00-15:00 – Вовед во работилница за дизајн на звук
Сабота 15.10.2022 – КС центар Јадро
15:00-20:00 Работилница 3Д печатење
11:00-17:00 Работилница дизајн на звук – локација – МСУ (кино сала)
Недела 16.10.2022 – КС центар Јадро
15:00-20:00 Работилница 3Д печатење
15:00-20:00 Работилница дизајн на звук
Проектот е финансиран од Министерство за култура на С.Р Македонија.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2022-10-14 @ 12:00 to
2022-10-16 @ 20:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends