“Театар и интеграција“ предводен од Ришард Ниечим
Проектот “Театар и интеграција“, кој се оствари во периодот мај-декември 2020, беше предводен од Ришард Ниечим, режисер и драмски автор, поранешен ученик и близок, доживотен соработник на Јержи Гротовски. Иако првично замислен како серијал на интензивни тренинзи за Звучење, базирани на искуството од паратеатарската фаза на работата со Гротовски, заради пандемијата беше преобликуван во серија онлајн работилници и проби за продлабочување на занаетот на актерот, за уметничко истражување на телото на вклучените изведувачи (актери и танчари), гласот и ритмите, како и за откривање на можностите кои ги нуди технологијата и онлајн просторот.
Шест дела-во-настанување, театарски и танцови перформанси, беа реализирани во оваа прва фаза; истите беа снимани во првата половина на декември, а од крајот на декември 2020 до средината на февруари 2021, со динамика од еднаш неделно, видео-снимките на процесот и делата-во-настанување премиерно се емитуваат на фб страницата на КСП Центар-Јадро.
Досега се објавени следниве видео-снимки на перформасите-во-настанување:
Additional Details
Project Title -
Project -