Registrations have closed.
400 – 790 THz: The Visible Spectrum | Изложба на дела од Џон Џост |
by
623 623 people viewed this event.
13.10.2023 (петок) | 19.00 ч.
Oд крајот на септември во КСП Центар-Јадро ни гостува култниот американски, независен, филмски режисер, Џон Џост. За време на својот престој во Јадро тој одржа филмска работилница „Learn everything there is to know from a real MoFo“. Кратките филмови, кои учесниците ги изработија со Џон Џост, ќе бидат проектирани на 13 октомври во 19 часот во КСП Центар-Јадро.
Покрај филмовите, во петок, ќе може да погледнете изложба на цртежи и акварели кои Џон Џост ги изработи за време на неговиот престој во Скопје.
За своите цртежи Џон Џост вели:
„Изложените акварели јас ги доживувам како експерименти. Не мислам дека тие се „уметност“, туку се можеби повеќе обид или проба што може да доведе до правење „уметност“.Еве една мала приказна која е можеби поучна…Од рана возраст се интересирав за визуелните уметности, архитектурата, фотографијата, како и музиката, пишувањето и театарот. Но, мојот живот во најголем дел беше номадски и премногу сиромашен за да ги истражам овие мои интереси, покрај снимањето филмови и фотографирањето. Кога ги прикажував моите филмови често ме прашуваа дали сум сликар, на што можев само да кажам дека сум многу заинтересиран за сликарството, графичката уметност, но околностите не ми дозволија да продолжам да се занимавам со овие медиуми. Потоа, во 1981 година, на мое големо изненадување, 4 од моите филмови беа купени од Канал 4 (Channel 4) во Англија. Иако цената беше објективно ниска, за мене тоа беа многу пари, па решив да се наградам со купување кутија пастели кои ги гледав само како „боја“. Неколку години подоцна, кога го завршив снимањето на пропаднатиот филм „Psalm“ во Ронан (Монтана, САД) додека живеев во мала изнајмена викендичка, ја извадив мојата кутија со пастели и направив два или три крајно мизерни мали пастелни цртежи. Во тој момент од мојот живот имав видено доволно уметност и доволно ги ценев нејзините квалитети за да знам дека моите патетични чкртаници беа чиста глупост. Бев вознемирен и на некој начин згрозен од мојот мал напор, и од срам ја затворив кутијата и ја носев со мене во следните 15 години, плашејќи се да ја отворам.Дури откако се преселив во Рим, кога наполнив педесет години, повторно ги извадив боите и се охрабрив да цртам велејќи си дека ќе правам само лоши цртежи, и дека тоа е неопходен процес низ кој треба да поминам. Правев еден мизерен цртеж по друг додека полека не развив чувство за материјалот, обемот, природата на пастелите и конечно почнав да создавам пристојни цртежи. Бев премногу стегнат при работа со материјалот, но полека научив да се олабавувам. Потоа продолжив да работам со акварели, гваш и масла. Сè уште се чувствувам како почетник, и сè уште учам со надеж дека можеби ќе направам некои дела кои би се нарекле „уметност“.“
Програмата е реализирана во соработка помеѓу КСП Центар-Јадро, MI Film&Theatre и Кинотека на Северна Македонија, а е финансиски поддржана од Министерство за култура на РС Македонија.
Additional Details
Project Title -
Project -