Registrations have closed.
Bad Bi**hes: конфликтната позиција на феминизмот во рапот?
by
580 580 people viewed this event.
КСП Центар-Јадро продолжува со својата онлајн програма со дискусија со Ивана Смилевска за конфликтната позиција на феминизмот во рапот.
Aко ја разгледаме историјата на хип хопот, може да видиме дека жените од самиот почеток, биле активни учеснички и практикувачи на културата. Но, исто така може да видиме дека се соочувале со одредена доза на сексизам, систематска исклученост, негирање на нивниот агенс и перформативност кој до ден денес произведува комплицирани динамики кога станува збор за женската слобода, автентично изразување и (не)прифаќање во рамките на хип хопот.
Медиумот на хип хопот е доволно широк и немонолитен за под своја закрила истовремено да го опфати мизогинизмот, шовинизмот, aндроцентризмот но и субверзивноста, ослободувањето и омоќувањето на младите жени. Вака поставениот дуализам генерира константни борби во јавниот простор и етер за креирaње на свој идентитет, естетика, пракса, застапеност и почит.
Ако во 80тите и 90тите години, женските раперки имале ограничен пробив и успех, денес со зголемената инклузивност, финансиска акумулација и популарност, женските раперки ја превзедоа контролата на портретирањето на своето тело, искуства и сексуални желби. Тука, веднаш може да се забележи судирот на двете парадигми на ваквата моќ: дали овие раперки имаат потенцијален еманципирачки феминистички субјективитет користејќи ја својата сексуалност или, ова е уште еден сензационалистички апарат што го перпетуира мизогинистичкиит поглед кон жените комидифицирајќи го своето тело? Значи, едно од прашањата што ќе се анализраат е: Дали сексуалното ослободување е единствената призма низ која може да се зборува за феминизам во модерен контекст?
Преку анализа на врските помеѓу хип хопот и дел од феминистичките теории, дискусијата ќе има за цел критички и хронолошки да го разгледа прогресот на женските раперки во хип хопот и нивниот удел во денешната манифестација на родот, сексуалните политики и капитализмот.
Ивана Смилевска е дипломирана компаратистка со завршен труд на тема „Субверзивни политики и дискурсот на популарната култура“. Таа работи како новинарка, а нејзини текстови досега се објавени на неколку локални медиуми за култура. Како хоби, води свој „никулец“ блог на medium – @iyasmylev.
Additional Details
Project Title -
Project -