Skip to main content

Култренинг | “Taming the Wild” | Работилница за кореографија и танц | Тереза Лазарев

Registrations have closed.
Култренинг | “Taming the Wild” | Работилница за кореографија и танц | Тереза Лазарев

Култренинг | “Taming the Wild” | Работилница за кореографија и танц | Тереза Лазарев

by
567 567 people viewed this event.

7.10.2023 (сабота)
18.00 ч. – 20.00 ч.

ЛОКОМОТИВА – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата ве кани да ја проследите втората серија на  работилници за современ танц и движење КУЛТРЕНИНГ – „Taming the wild“ работилница за кореографија со Тереза Лазарев во КСП Центар – Јадро. Работилницата е бесплатна и отворена за учесници со или без танцувачко искуство.

Пријавете се на [email protected], до 07.10.2023 бројот на учесници е ограничен. Ве молиме понесете удобна и лесна облека.

Локомотива континуирано организира часови по современ танц за заедницата – Култренинг. Во соработка со локални и поканети регионални и меѓународни кореографи и танцови уметници, во различни простори во градот се организираат отворени часови, отворени за сите заинтересирани граѓани, без разлика дали имаат некое претходно познавање од современиот танц.

Работилницата „Припитомување на дивото“ со Тереза Лазарев на учесниците им нуди истражување на танцот и работа преку мултидимензионални методи на кореографија и танц.

Оваа работилница има за цел да ја поттикне анималноста во нас преку отелотворување на слики, работа со допир и пишување и споделување. Како можеме да ја ослободиме анималноста во нас? Што би требале да поканиме за да дозволиме нашето животно да збори? Ќе предложиме разни слики со кои преку имитација ќе си дозволиме да си играме, како и да се трансформираме. Преку работа со партнер ќе научиме како да следиме и водиме. Ќе работиме свесно, обрнувајќи внимание на просторот како и на луѓето околу нас. Ќе работиме сами, со партнер и во група. Ајде да дојдеме отворени, ајде да дојдеме љубопитни, ајде да си играме.

Тереза Лазарев е танцова уметница кој работи во полето на современиот танц. Тереза завршува академија за современ танц под менторство на Рисима Рисимкин на универзитетот “Гоце Делчев” во Штип. Тереза има соработувано со кореографи како: Александра Петрушевска, Искра Шукарова, Јотам Палед, Карин Понтис, Ивана Балабанова и други. Има настапувано на фестивали како: Holland Dance Festival во Хаг (Холандија), Share во Братислава (Словачка), Silk Road во Пекинг (Кина) и многу други. Тереза моментално живее и работи во Скопје каде држи часови за современ танц за деца. Тереза се интересира за танц кој е див, сиров, инстинктивeн, кој може да раскаже некаква приказна.

_____

Работилницата е дел од програмата „Култренинг” на Локомотива реализиранa во соработка со КСП Центар – Јадро.

Фотографија на Ања Калин.

Тимот на Локомотива го сочинуваат програмскaта директорка Биљана Тануровска- Ќулавковски, проектната менаџерка Емилија Чочкова, соработничката Зорица Зафировска, администраторката Ѓурѓица Христовска и ПР Јулијана Младеновска.

Програмата Култренинг е креирана од Локомотива и поддржана од Министерството за култура на РС Македонија.


Kultrening / “Taming the Wild”
Choreography and dance workshop with Tereza Lazarev

7 October 2023 (Saturday) | 18.00h – 20.00h

LOKOMOTIVA – Center for new initiatives in art and culture invites you to the second series of contemporary dance and movement workshops KULTRENING – “Taming the wild” choreography workshop with Tereza Lazarev at the SCS Centar – Jadro. The workshop is open to participants with or without dancing experience.

Register at [email protected] no later than 07.10.2023, the number of participants is limited. Please wear light and comfortable clothes.

Lokomotiva continuously organizes contemporary dance classes for the community – Kultrening. In collaboration with local and invited regional, and international choreographers and dancers, in different spaces in the city of open classes are being organized, open to all interested citizens, regardless if they have any prior knowledge of contemporary dance.

The workshop “Taming the wild“ with Tereza Lazarev offers the participants a dance research and work through multidimensional methods of dance and choreography.

The goal of this workshop is to connect with our animality through embodiment of images, the use of touch and writing and sharing. How can we free our animality? What do we need to invite in order to let our animal speak? Suggesting different images we will work with imitation of animals where we will allow ourselves to transform and be playful. Working with a partner we will learn how to follow and lead one another. We will try to work consciously with our body, at the same time being aware of the space and the other people in the space. We will work on our own, with a partner and in a group. Let’s come open, let’s come curious, let’s be playful.

Tereza Lazarev is a freelance dancer working in the field of contemporary dance. Tereza finished an academy for contemporary dance under the mentorship of Risima Risimkin, university “Goce Delcev” in Stip. She has worked with choreographers such as: Aleksandra Petrusevska, Yotam Peled, Iskra Shukrova, Karine Pontiens, Ivana Balabanova and others. Tereza has danced on festivals such as: Holland Dance Festival in the Hugh (The Netherlands), Share in Bratislava (Slovakia), Silk Road in Beijing (China). Currently Tereza lives and works in Skopje teaching contemporary dance classes for children. She is interested in dance that is wild, raw, instinctive and has the possibility to tell a story.
_____

The workshop is part of Lokomotiva’s “Kultrening” program realized in cooperation with  SCS Centar – Jadro.

Photography by Anja Kalin.

The Lokomotiva team consists of program director Biljana Tanurovska-Kjulavkovski, project manager Emilia Chochkova, colaborator Zorica Zafirovska, administrator Gjurgjica Hristovska and PR Julijana Mladenovska.

Kultrening program was created by Lokomotiva, Skopje and supported by the Ministry of Culture of North Macedonia.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-10-07 @ 18:00 to
2023-10-07 @ 20:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends