Skip to main content

Пред Будење | Самостојна изложба на Јулија Манојлоска

Пред Будење | Самостојна изложба на Јулија Манојлоска

by
34 34 people viewed this event.

Пред Будење

Самостојна изложба на Јулија Манојлоска
27 јуни (четврток) | 19.00 ч

Секој сегмент на делото „Пред будење“, претставува засебен елемент и дело само по себе. Сите форми кои лебдат се различни идентитети. Ако секаде наоколу постојат различни идентитети, и иако ние самите понекогаш сме дел од нив, лебдењето на истите го ставаат уметникот во улога на лутање по есенција. Секоја црна пластична топка е геополитичка, социјална и културна криза која лебди во целосен комфор. Ако идентитетот како синоним значи еднаквост или истост, тогаш кругот е кршлив. И така една црна линија која нацрта една овца еднаш кажа „Пролет е, преживеавме“.

Јулија Манојлоска (р. 1993) во 2015 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности, во Скопје, во класата на м-р Јован Шумковски. По завршување на студиите активно се занимава со сликарство и инсталации во областа на современата ликовна уметност. Дел од нејзините самостојни изложби се „Пресоздавање“, МКЦ (2021, Скопје) и „Секвенци“, галерија КО-РА (2019, Скопје). Досега учествувала на повеќе групни изложби и проекти од областа на визуелните уметности, меѓу кои: 14-то меѓународно Биенале на млади уметници, Музеј на современата уметност Скопје (2023), 13-то Меѓународно Биенале на млади уметници, Музеј на современата уметност Скопје (2021), 99 File, Музеј на современата уметност Скопје (2018), Скопје Креатива, МКЦ (2017) и Young Art, Мала станица Скопје (2016).


Before Awakening

Solo exhibition of Julia Manojloska
27 June (Thursday) | 19.00 h

Each segment of the work “Before Awakening” represents a separate element and a work in itself. All the floating forms are different identities. If there are different identities everywhere, and although we ourselves are sometimes part of them, the floating of them puts the artist in the role of wandering by essence. Each black plastic ball is a geopolitical, social and cultural crisis floating in total comfort. If identity as a synonym means equality or sameness, then the circle is fragile. And so a black line drawn by a sheep once said “It’s spring, we survived”.

Julija Manojloska (b. 1993) graduated in 2015 from the Faculty of Fine Arts, in Skopje, in the class of Jovan Shumkovski, MA. After completing his studies, he is actively engaged in painting and installations in the field of contemporary fine art. Part of her solo exhibitions are “Recreation”, MKC (2021, Skopje) and “Sequences”, KO-RA gallery (2019, Skopje). So far, she has participated in several group exhibitions and projects in the field of visual arts, including: 14th International Biennale of Young Artists, Museum of Contemporary Art Skopje (2023), 13th International Biennial of Young Artists, Museum of Contemporary Art Skopje ( 2021), 99 File, Museum of Contemporary Art Skopje (2018), Skopje Kreativa, MKC (2017) and Young Art, Small Station Skopje (2016).

Additional Details

Project Title -

Project -

To register for this event email your details to tomislav@tomislavbalabanov.me

Register using webmail: Gmail / AOL / Yahoo / Outlook

 

Date And Time

2024-06-27 @ 19:00 to
2024-07-04 @ 21:00
 

Location

 

Event Types

Share With Friends