Skip to main content

Transfer of Responsibility (II): From Point A to Point B | Самостојна изложба | Сашо Станојковиќ

Registrations have closed.
Transfer of Responsibility (II): From Point A to Point B | Самостојна изложба | Сашо Станојковиќ

Transfer of Responsibility (II): From Point A to Point B | Самостојна изложба | Сашо Станојковиќ

by
828 828 people viewed this event.

17.10.2023 (вторник) | 20.00 ч.

Колку време е потребно за да се пренесе еден објект од точка А до точка Б ако растојанието помеѓу точката А и точката Б е само еден километар? Ова навидум едноставно, но трик прашање (на пр., брзината недостасува во равенката) станува уште потешко да се одговори во случајот на споменикот „Сончев часовник “. Најновиот проект на Сашо Станојковиќ, „Префрлање  на одговорноста (II): Од точка А до точка Б“, 2023 година е прониклива студија на случај за уметничко истражување во која уметникот се осврнува на спорните спомени, колективната амнезија и спомените. Уметникот размислува за мотивите зад неконзистентната – и честопати неуспешната – мемориска политика која ги овековечува пропуштените можности за извинување и отстапува место за разни изливи на омраза, антисемитизам и други форми на расизам.

Поточно, Станојковиќ во текот на својот партиципативен истражувачки проект ги истражува причините за доцнењето на завршувањето на споменикот„Сончев часовник“. Во 2015 година, неколку организации иницираа и нарачаа споменик кој треба да биде посветен на Евреите кои живееле во Битола (Северна Македонија) до 1943 година, но биле депортирани и убиени за време на Холокаустот – во концентрациониот логор Треблинка. Уметникот Мати Грунберг – Израелец роден во Скопје – создаде споменик во облик на огромен сончев часовник изработен од железо обоено во жолто. Но, и покрај првичната одлука споменикот  да се постави на постамент на Еврејските гробишта во Битола, тој не е поместен од првобитната локација во фабриката „ПЕТ“ по неговото завршување во 2018 година.

Станојковиќ го интервјуираше авторот на споменикот Мати Грунберг и паралелно ги праша и инволвираните институции и поединци зошто беше потребно толку долго да се признае спорното минато на прво место. Сè уште опседнувачкото прашање е зошто се покажа толку тешко да се премости растојанието од само еден километар помеѓу местото на изградбата на споменикот и неговата замислена дестинација. Од добиените одговори не можеше да се изведе јасен заклучок за одговорноста за доцнењето. Затоа, важно е да се фрли повеќе светлина на случајот по патувањето на уметникот низ лавиринтите на различни институции и на крајот да се иницира поставувањето на споменикот на веќе завршениот пиедестал.

„Префрлање  на одговорноста (II)“ е продолжение на првиот дел од истоимената изложба која ги презентираше резултатите од истражувачкиот и партиципативен уметнички проект на уметникот кој се однесуваше на критичките повици за преиспитување на распространетите и конзервативни дефиниции за спомениците и ги оспори вообичаените претпоставки и услови тие да припаѓаат на листата на заштитени споменици. Во двете изложби Префрлање  на одговорноста(I и II) Сашо Станојковиќ ја нагласува итноста на застапувањето за советодавна и партиципативна концептуализација на културното наследство и спомениците. Така, тој ја истакнува потребата да се поддржат и да се засилат различните гласови и заложби на политичко дејствување и активистичко несогласување околу спомениците со помош на директна демократија и  спротивставување на некритичкото и националистичко славење на културното наследство. Насловот на двата проекти на Станојковиќ произлезе директно од недостатокот на преземање целосна одговорност, од една страна, и од прекршувањето на должноста и префрлањето на одговорноста на  институциите, од друга страна.

Сашо Станојковиќ е роден во 1962 година во Скопје, Северна Македонија, каде што живее и работи како самостоен уметник. Во 2011 година магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Неговите партиципативни истражувачки проекти и изведби се базирани на инструкции и се занимаваат со групи или заедници на луѓе кои се собираат околу нивните заеднички интереси во уметноста, естетиката и етиката и во кои тој главно е заинтересиран за нивните неформални собири и самоорганизирани активности кои не се ниту регистрирани, ниту институционализирани, и затоа често остануваат непризнаени како општествено или естетски важни. Станојковиќ се фокусира  на истражувањето на правото на протест на различните заедници и во испитувањето на прашањето на сеќавањето: раслојувањето и зачувувањето на колективната меморија – и амнезијата – на јавните простори.

Станојковиќ користи различни медиуми, жанрови и методи како што се сликарство, фотографијата, видеото, перформансот,  партиципативно истражување итн. со цел да се осврне на односот помеѓу формирањето на таквите заедници и различните општествени, приватни или јавни простори кои се населени со нивните активности (галерии, кина, паркови и домови). Неговите проекти вклучуваат To Whom It May Concern – дел од самостојната изложба на Дејвид Медала, курирана од Гај Брет во ICA – Лондон, 2005 година, Правда во фокусот (2004–2007), Простор за протест (2007–2012) и Префрлање  на одговорноста (2018). Станојковиќ учествувал на изложбите „Секогаш веќе Апокалипса“ (Културен центар Јилдиз, 1999) и „…и…“ (Воен музеј, 2003), двете одржани паралелно со биеналето во Истанбул, во SIKB(R)“ – „Јужно меѓународно уметничко биенале“ (Р), Стокхолм, 2003 година и на Октомвриски Салон, Белград (2008). Станојковиќ реализирал меѓународни самостојни или групни изложби во Истанбул, Белград, Стокхолм, Мадрид, Лондон, Берлин, Мајами, Бостон, Љубљана, Загреб, Брауншвајг, Букурешт, Сараево, Солун, Монтевидео, Гуангжу, Жеџијанг, Грац, Мелбурн и Њујорк.


Transfer of Responsibility (II):
From Point A to Point B

A solo exhibition by Sašo Stanojkoviḱ

17 October 2023 (Tuesday) | 20.00h

How long does it take to transfer an object from point A to point B if the distance between point A and point B is only one km? This seemingly simple yet trick question (e.g., the speed is missing from the equation) becomes even more difficult to answer in the Sundial Monument case. Sašo Stanojkoviḱ’s latest project Transfer of Responsibility (II): From Point A to Point B, 2023 is an insightful artistic research case study in which the artist addresses the contested memories, collective amnesia, and memorials. The artist ponders the motives behind the inconsistent – and often failed – memory politics that perpetuates the missed opportunities for apology and give way to various outbursts of hate, antisemitism, and other forms of racism.

More precisely, Stanojkoviḱ throughout his participatory research project investigates the reasons for the delay in the completion of the monument Sundial. In 2015 several organisations initiated and commissioned a monument meant to be dedicated to the Jews who lived in Bitola (North Macedonia) until 1943 but were deported and killed during the Holocaust – in the Treblinka concentration camp. The artist Maty Grunberg – a Skopje-born Israeli – created a Monument in the shape of a huge Sundial made of iron painted yellow. However, despite the initial decision to place the monument in the Jewish cemetery in Bitola on the pedestal, it has not been moved from its original location at the factory “PET” since its completion in 2018.

Stanojkoviḱ interviewed the monument’s author Maty Grunberg and in parallel asked the involved institutions and individuals why it took so long to acknowledge the contentious past in the first place. The haunting question is still why it turned out so hard to bridge the distance of only one km between the place of the monument’s construction and its envisioned destination. From the received answers a clear conclusion for the responsibility for the delay could not be drawn. Therefore it’s important to shed more light on the case following the artist’s journey through the labyrinths of different institutions, and eventually to initiate the Sundial placement on the already completed pedestal.

Transfer of Responsibility (II) is a follow-up to the first part of the eponymous exhibition that presented the outcomes of the artist’s research and participatory art project that addressed the critical calls for rethinking the prevalent and conservative definitions of monuments and challenged the usual assumptions and conditions for them to belong to cultural heritage. In both exhibitions Transfer of Responsibility (I and II) Sašo Stanojkoviḱ emphasizes the urgency of advocating for deliberative and participatory conceptualizations of cultural heritage and monuments. Thus he highlights the need to support and amplify various voices and agencies of political action and activist dissent surrounding monuments by means of direct democracy and opposes the uncritical and nationalist-driven celebration of cultural heritage. The title of both Stanojkoviḱ’s projects resulted directly from the deficiency of taking full accountability on the one hand, and from the dereliction of duty and transfer of responsibility to other institutions, on the other hand.

Sašo Stanojkoviḱ was born in 1962 in Skopje, North Macedonia, where he lives and works as an independent artist. In 2011 he received an MA from the Faculty of Fine Art in Skopje. His participatory research projects and instruction-based performances deal with groups or communities of people who gather around their common interests in art, aesthetics, and ethics and he is mainly interested in their informal gatherings and self-organised activities that are neither registered nor institutionalised, and therefore often go unrecognised as socially or aesthetically important. He is invested in the exploration of the right to protest of different communities, and in examining the issue of remembrance: the stratification and preservation of the collective memory – and amnesia – in public spaces.

Stanojkoviḱ uses different mediums, genres and methods such as painting, photography, video, performance, participatory research, etc. in order to address the relationship between the formation of such communities and various social, private, or public spaces that are inhabited by their activities (galleries, cinemas, parks, and homes). His projects include To Whom It May Concern – as part of David Medalla’s solo exhibition, curated by Guy Brett at the ICA – London, 2005, Justice in the Focus (2004–2007), Space for Protest (2007–2012), and Transfer of Responsibility (2018). Stanojkoviḱ participated in the exhibitions Always Already Apocalypse (Yildiz Cultural Centre, 1999) and …and… (Military Museum, 2003), both in parallel to the Istanbul Biennale, in SIKB(R)” – South International Art Biennial (R), Stockholm, 2003, and in October Salon, Belgrade (2008). Stanojkoviḱ had international solo or group exhibitions in Istanbul, Belgrade, Stockholm, Madrid, London, Berlin, Miami, Boston, Ljubljana, Zagreb, Braunschweig, Bucharest, Sarajevo, Thessaloniki, Montevideo, Guangzhou, Zhejiang, Graz, Melbourne and New York.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-10-17 @ 20:00 to
2023-10-24 @ 22:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends