Skip to main content
говор

Работилница во КСП Центар Јадро за моделот на јавно-цивилно партнерство

By March 9, 2022No Comments

На работилницата што се одржа во КСП Центар Јадро за моделот на јавно-цивилно партнерство присуствуваа представници од Културно Ехо, Спортски Ветерани, Стрелачка федерација и Јадро.

Вовед во работилницата даде Кристијан од Културно Ехо, кој на кратко ја објасни целта на работилницата, оддносно  како да се примени моделот на јавно-цивилно партнерство во однос на заедничката заложба салата Партизан да се врати во функција и да биде управувана од граѓаните и граѓанските организации.

Во дебатниот дел се отворија следниве прашања:

  • Како овој модел може да се се примени за сала Партизан?
  • Kои би биле следните чекори?

Работилницата заврши со предлог стратегија со фокус на следниве точки:

  • Да се формира мрежата на спортски организации/здруженија
  • Формирање на асоцијација/мрежа за обнова на Партизан
  • Прес и најава за коалицијата за обнова на Партизан
  • Презентација на моделот пред советот на Општина Карпош и Градоначалник

Leave a Reply