Годишна програма на „Културно социјален простор ЦЕНТАР-ЈАДРО” за 2020

Поаѓајќи од главната цел-да придонесе кон програмско стабилизирање, атрактивност, препознатливост и видливост на просторот на КСП Центар-Јадро и да го поттикне развојот на публика во првите 18 месеци од работата на установата, како и од двете главни стратешки цели, и тоа: 1. зголемување на програмска диверсификација и квалитет на КСП Центар-Јадро преку партнерства, копродукции и програмска соработка со разни субјекти од независната сцена и поширокото граѓанско општество, и 2. засилено јавно позиционирање и препознатливост на просторот на КСП Центар-Јадро, Годишната програма за 2020 опфати различни сегменти и дисциплини: уметност, образование, социјални прашања, граѓанско општество итн преку кои развиваше  стабилна основа за елаборирана интерсекторска и интердисциплинарна соработка. 

Во рамките на Годишната програма за 2020 година беа реализирани следниве активности: предавања, работилници и разговори од областа на културата-архитектура и дизајн; изведувачки уметности: работилници, уметнички истражувања, проби и изведби на перформанси-во-создавање; музички концерти; проекти и работилници во соработка со заедницата (за хип-хоп продукција за млади, партиципативен театар и современ танц); ликовни изложби; серија видео-портрети на домашни поети и писатели; предавања по филозофија, социологија, економија и субкултури; филмски дебати и проектот Мурали.

Проектот е финансиран од:

Министерството за култура

Период на реализација

20.02 – 31.12.2020

Галерија од настани

Концерти
  • Photography
  • Strategy
Работилници
  • Building Inspire
  • Best Promo
Панел дискусии
Salient Construction

Настани

There are currently no events.