KSC Jadro

Управен одбор


Славчо Димитров (р.1984) има дипломирано на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет на УКИМ, Скопје. Магистрира, првин, на Родови студии и филозофија на Институтот Евро-Балкан, а потоа на катедрата за Мултидисциплинарни родови студии на Универзитет на Кембриџ. Моментално ја работи својата докторска теза на Факултетот за медиуми и комуникации СИНГИДУНУМ во Белград. Работел како асистент на последипломските родови и културни студии на Универзитетот Евро-Балкан, и на додипломски и последипломски студии на Факултетот за медиуми и комуникации – СИНГИДУНУМ, Белград. Во последните неколку години има координирано голем број академски проекти и летни школи, како и проекти во областа на човековите права на маргинализираните заедници, со посебен фокус на квир-активизмот. Основач е на интернационалнатаЛетна школа за сексуалности, култури и политики. Исто така е еден од основачите наЦентарот за истражувања на идентитети, култури и политики, ИПАК. Центар во Белград. Во Коалицијата работи од почетоците на нејзиното основање, како член, како координатор и како директор. Неговиот активистички интерес се однесува на политиките на настраноста (квир-политики), сексуалното и родовото граѓанство и еднаквост, правата на маргинализираните заедници и нивното испресекување со прашањата засоцијална правда.

 

 

Дона Костуранова има дипломирано на Корпоративни комуникации и односи со јавноста на Високата школа за новинарство и односи со јавноста. Дел е од тимот на Фондацијата за демократија на Вестминстер, каде што работи на програми за зголемено политичко учество на маргинализираните групи и зајакнување на ефикасното трошење на јавните средства.

Поранешна директорка на Младински образовен форум. Со тимот на МОФ го имаат основано првото онлајн-радио во земјата – Радио МОФ и има организирано настани како вечерните дебати Аргумент: Организирано изразување и Конференцијата за друштвен активизам ENGAGE. Таа е еден основачите и поранешна заменик-претседателка на Националниот младински совет на Македонија, чадор-организација на младински организации во земјата. Алумни на IVLP во областа Учество на жените во граѓанското општество и политиката. 

 

 

 

 

X