Skip to main content

Групна изложба „Каде текла реката, пак ќе тече“

Registrations have closed.
Групна изложба „Каде текла реката, пак ќе тече“

Групна изложба „Каде текла реката, пак ќе тече“

by
402 402 people viewed this event.
Почитувани, Ве каниме во среда (22.02.2023), во 20ч. на отварањето на групната изложбата „Каде реката текла, пак ќе тече“ во соработка со Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-Свест.
„Каде реката текла, пак ќе тече“ е проект кој КСП Центар- Јадро во соработка со Центарoт за истражување и информирање за животната средина Еко-Свест го реализираа во втората половина на 2022 година. На отворениот повик за фото и видео есеи во рамки на регионалната кампања за заштита на реките “Save the blue heart of Europe“ беа селектирани проектите на авторите Ивана Самандова, Филип Лафазановски и Влатко Деков.
Фокусот на „Каде реката текла, пак ќе тече“ е изградбата на малите хидроцентрали на територијата на Македонија кој оставаат непоправливи последици по животната средина и природата, до степен кој го загрозува опстанокот на водните екосистеми и на заштитените и ендемски животински и растителни видови.
Во моментов, на дивите и недопрени реки низ земјава се изградени 98 мали хидроцентрали, a се планира изградба на уште најмалку 50 нови! Поголем дел од нив се градат во некои од најатрактивните речни долини во строго заштитени и значајни подрачја како што се: Баба Планина, Шар Планина, Караџица, Бистра, Даутица, Кожуф и многу други. Малите хидроцентрали се градат зад очите на јавноста, без јавни консултации и без соодветна студија за оцена на влијанието врз животната средина.
Уметниците и претставниците на Еко Свест имаа повеќе теренски посети на локации во заштитени подрачја каде има изградени мали хидроцентрали . Тие преку фотографија и видео се осврнуваат на штетите врз природата кои ги предизвикува изградбата на малите хидроцентрали – изградба на бариери кои го фрагментираат речното корито, оневозможување на слободното движење и миграција на рибите и останатите акватични видови, канализирање на водата во цевки и оставање суви речните корита, менување на геоморфологија на теренот, сечење на шумите заради изградба на пристапни патишта и фрагментирање на шумските живеалишта, ерозија на теренот, загадување на водните текови заради акумулирање на седименти во речните корита и многу други штети врз природата, реките и екосистемите.
————————————————————————-
Биографии на учесниците:
  • Ивана Ќ. Самандова (родена 1997, Скопје) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во 2020, на отсек сликарство, модул конзервација и реставрација. Нејзината уметничка практика се фокусира на процесите на набљудување и истражување на социо-општествени проблематики, однесување и интерконекции помеѓу специфични ситуации на една заедница или индивидуа. Нејзиното уметничко творештво често третира тематики на почувствуван, поттикнат интерес, подоцна пренесени преку интердисциплинарна уметничка практика која се состои од истражување на различни комбинирани и нови медиуми.
    Својата прва самостојна изложба ја има реализирано во Музејот на град Скопје, насловена „Сите мали нешта – микрокосмос“ (2021), благодарение на добиената награда „Борко Лазески“ за инвентивни сликарски постигнувања, а втората самостојна изложба со Ана Трајковска „FLUX“(2022) во Отворено графичко студио. Го има ко-курирано својот прв проект и меѓугенерациска групна изложба „Пост-вистина, желба“ (2019) на факултетот за ликовни уметности, преку кој се реализираше дводневна едукативна работилница и панел-дискусија со Владимир Јанчевски и Бојан Иванов проследена со групна изложба којашто ги истражуваше неконвенционалните простори на педагошкиот факултет и тематиката на пост-вистината и желбата (desire). Го има ко-основано првото списание на Факултетот за ликовни уметности „ПРИМУС“(2018-2019). Учевствувала како ко-кураторка и колаборативен асистент на проектот „Надминување на уметноста“ (2019 – 2021) со Џон Блеквуд, Бојан Иванов и Ангела Витановска, проект од којшто произлезе групна изложба која ја ко-курирала во СЦС Центар – Јадро (2021) и продукција на книга насловена „Надминување на уметноста“(2021). Учевствувала на голем број групни изложби; Учевство на сајт-специфик групна изложба „Просторни реадаптации 1: Скопската ‘плажа’ како место за културна практика“ (2022) на градската плажа парк; Учевство на 31та и 32та сесија на колонијата Галичник (2021) во Мала Станица предводена од Ана Франговска; Учевство во групната изложба „What comes next?!“ (2020) во домот за култура „Иван Мазов – Климе“, Кавадарци, предводена од Ангела Витановска; Учевство на сајт-специфик и поп-ап изложбата за Бела Ноќ „ПАЗАР’т: Кој се плаши од невидливата рака навечер?“ (2020) и „Сообраќен инсектариум – ПајакАрт“-Бела ноќ (2022); Учество на групната изложба со фокус на проблематиката за човековата трговија „Not your toy!“ (2019) во галерија Кора, предводена од Ангела Витановска. Учевствувала на работилницата и групна изложба за сајт-специфик уметност „Orbis Pictus – Go and Look“ (2019) менторирана од Томаш Жижка и Драган Стојчевски во стара железничка зграда, Скопје; Учевство на „SCO-SKO“ (2019) групна изложба со млади уметници од Шкотска и Скопје, бивша Менада, Скопје; Изработка на мурал од проектот ,, Цртај на македонски јазик “ во О.У Коле Неделковски – 2022 Скопје; Учесник на партиципативниот уметнички проект и изложба „Човеколики неволји“ (2022, Јадро) инициран од Ивана Мирчевска.
    Има престојувано на резиденција за визуелни уметности и учествувано на групната изложба „Rise of Women in culture in Western Balkans“ (2022) во Задар, Хрватска; феминистичка колонија организиран од Центарот за девојки во Сичево, Србија (2022), како и учевствувано на Галичката колонија (2021).
  • Филип Лафазановски, (роден 2000 година) е студент по филмска режија од Скопје. Алумни е на француската работилница за документарен филм Ateliers Varan во Белград 2021-22, Balkan Retreat 2022 филмска резиденција во Србија и Split Script 2022 во Хрватска, работилница за развој на сценарија под менторство на Razvan Radulescu и Melissa de Raaf. Има работено на повеќе филмски проекти на различни позиции, а краткиот документарен филм „Под мостот“ беше прикажан на 10тина филмски фестивали и на кино-програмата во Кинотека на Македонија.
    Како фотограф, дел е од колекцијата на Фото Сојуз на Македонија „Современи текови во македонската фотографија“ и бил дел од повеќе од 25 домашни и меѓународни изложби, каде има освоено ФСМ и ФИАП награди. Има 3 самостојни изложби во Печ, Унгарија (2017); Сегед, Унгарија (2019) и во Рудиќ Галерија Скопје (2019). Дел од фотографиите се објавени во меѓународното списание ЕYE photo magazine и WeStreet Book 2016 од Лондон.
  • Влатко Деков
    Интересот на Деков за фотографијата трае долго време. Пред 10 години најпрво започнува да се занимава со концертна фотографија, со што ги спојува неговите две љубови: музиката и фотографијата, но веднаш потоа главен интерес му станува уличната фотографија, односно сето она што се случува на улица, плажа или друг јавен простор. Често патува и тоа му овозможува да фотографира разни култури и предели. Во последно време се интересира и за минималистичката, социјалната и арт фотографијата. Негови фотографии објавувале повеќе специјализирани магазини и веб портали за фотографија и култура.
    Организирал три самостојни изложби: Интровертност (Скопје, 2017) Прага Интима (Скопје, Струмица, Куманово, Кавадарци, 2019 и 2020) и Крстопат ( Струмица, 2022)
    Учествувал на повеќе групни национални и меѓунaродни изложби.
    Има публикувана една фото книга со наслов Прага Интима. Од Телевизија Телма е награден за најдобра
    фото и видео репортажа за фото проектот “Години кога базените имаа иднина”.
    Фотографиите на Деков може да ги следите на vlatkodekov.com

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-02-22 @ 20:00 to
2023-02-28 @ 21:30
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends