Работилница: „Звучен пејзаж“ предводена од Алесандро Ола
Работилницата „Звучен пејзаж“предводена од италијанскиот композитор, пијанист и изведувач, Алесандро Ола, која се одржа на платформата Zoom.
Во рамките на работните сесии, учесниците поминаа низ многу игри и вежби, фокусирајќи се на аспекти како што се: анализа и превод во графичка претстава; гестурална интерпретација на звучни пејзажи; композиција на звучен пејзаж; звучно извидништво во градот; развој на свеста за акустичниот идентитет на Скопје; задачи при звучно одење; правење звучна разгледница итн. Дел од работилницата беше и запознавање на учесниците со најчесто користените софтвери за компонирање и создавање настапи во живо како што се: Reaper, Ableton Live, Isadora Arena, DaVinci resolve, Audacity, Iris Izotope.
Additional Details
Project Title - 11-06-2020
Project -