Registrations have closed.
Самостојна изложба на Филип Велковски – „Идиоми“
by
689 689 people viewed this event.
На 22.10.2020 (четврток) од 18 до 21 часот, Ве покануваме на отворањето на самостојната изложба на Филип Велковски на која ќе се претстави со циклус на слики именуван „Идиоми“
Во продолжение прочитајте го текстот на историчарот на уметност, Владимир Јанчевски.
За непрочитаните пораки
Современата култура е во знакот на новите технилогии и мрежното искуство на визуелното. Но и покрај специфичните дигитални системи и носачи на информација, феноменот на сликата, различните начини на сликотворење и мотивите што стојат зад тоа остануваат голема енигма. Во ерата на „сликовниот и биокибернетички пресврт“, кога човекот го нема ексклузивитетот на создавање слики, ние сè уште сме опчинети од нив, без оглед на нивната генеза.
Изложбата насловена „Идиоми“ е втора самостојна изложба на визуелниот уметник Филип Велковски (1988, Скопје). Со новиот проект Велковски го продолжува своето истражување во сликарството, преку серија од 9 слики во поголем формат.работени во комбинирана, претежно маслена техника, под работниот наслов „Пораки на тунгстен“ во периодот 2017-2020 година.
За разлика од неговиот прв проект „Лиминални фигури“ (2017, МКЦ), каде што примарен предмет на сликарското истражување е фигурата, во циклусот „Идиоми“ фокусот е на бојата, на пресекот помеѓу текстурата, и скриените текстуални и визуелни пораки, кои се откриваат под површината низ изгребаните и излупени слоеви на густите наноси боја.
Сликите на тој начин формираат палимпсестна структура, која е метафоричен приказ на комплексното функционирање на човековиот ум, на аморфноста и флуидноста на мислите во некоја претпоставена фаза пред кристализирање на идеите.

Со дисторзија на фигуративните елементи во чудни, композитни структури, како и со кратките елиптични наслови, се остварува јаз во можноста за експлицитно откривање на наративот. Меѓупросторот на сликовното и текстуалното го заземаат апстрактни форми кои се симулација на текст и осцилираат во морфирањето, напред и назад.
На сличен начин фунционира и анимацијата која е проектирана врз платно и претставува некој вид пунктум во целината, перцепциски крстопат: таа истовремено и припаѓа, но е и аномалија. Отстапувајќи од статичното, таа го открива и потенцијалот кај останатите слики.

Гледачот е соочен со еден вид отворено дело:просторот што авторот го замислува како реконструкција на „ќелија на умствени мапи“, ги поврзува поединечните слики заедно со насочената светлина и суптилниот звук, во една симбиотичка целина.
Владимир Јанчевски
Скопје, 5-16 октомври
Скопје, 5-16 октомври
——————————————————————————————
Филип Велковски, (1988) е визуелен уметник кој живее и работи во Скопје.
Во фокусот на неговото уметничко истражување се умствените слики, соништата и маргиналната митологија. Ги користи медиумите на сликарство, инсталација и дигитална илустрација со цел да произведе измислени сценарија и субверзивни простори. Делата на Велковски се составени од густи слоеви на бои и разновидност на материјали, преку кои тој ги потенцира материјалните и метафизички аспекти на самиот медиум и нејзината поврзаност со општеството.
Делата на Филип неодамна биле претставени на XII биенале на млади уметници во МСУ, Скопје, Македонија (2018); работилницата и изложба во „Neu Neu Gallerie“ – експериментален галериски простор како дел од Documenta XIV во Касел, Германија (2017); а истата година тој ја имаше и својата прва самостојна изложба „ Лиминални фигури “ во галеријата на МКЦ, Скопје, Македонија.
Од 2012 година, Велковски работи со уметничкиот колектив КУЛА (платформа за вкрстени уметнички тенденции и инвентивни иницијативи на културната агенда на град Скопје.
Покрај неговата уметничка пракса, Филип работи и како кустос на мултимедијалниот уметнички фестивал „ Под земја полесно се дише “ во Скопје. Заедно со група уметници, тој го иницираше фестивалот во 2013 година, кој го организираат на годишно ниво. Заземајќи место во подземна гаража, целта на фестивалот е да го окупира јавниот простор и да го претвори во галерија и платформа за перформанси. Во улогата на кустос на ликовниот дел на фестивалот, Велковски експериментирал со изложување на ликовни дела во неортодоксни поставки, при што главен фокус е тоа како се менува контекстот на делата во рамките на локацијата и на индустрискиот изглед на гаражата.

*Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон истите. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.
Оваа изложба е релизирана со финаниска поддршка на @министерство за култура / ministria e kulturës и е дел од годишната програма на КСП Центар -Јадро
______________________________________________________
______________________________________________________
On 22.10.2020 (Thursday) from 18:00 to 21:00h, we invite you to the opening of the solo exhibition of Filip Velkovski where he will present a series of paintings called “Idioms”
In addition, read the text of the art historian, Vladimir Jancevski.
On the unread messages
Contemporary culture is defined by new technologies and the networked experience of the visual. But despite the specific digital systems and information carriers, the image phenomenon, the different ways of image making and the motives behind it remain a big enigma. In the age of the “pictorial and bio cybernetic turn”, when humans do not have an exclusive position in creating images, we are still obsessed with them, regardless of their genesis.
The exhibition entitled “Idioms” is the second solo exhibition of the visual artist Filip Velkovski (1988, Skopje). In this new project, Velkovski continues his research in painting, through a series of 9 paintings, larger format in mix media technique, mostly oil, painted between 2017-2020, under the working title “Messages on Tungsten”.
Unlike his first project “Liminal Figures” (2017, YKC-Skopje), where the primary subject in his pictorial research is the figure, in the cycle “Idioms” he focused on color, the intersection between texture, the hidden textual and visual messages, which are revealed below the surface of the scratched and peeled layers of dense paint.
Images thus form a palimpsest structure, which is a metaphorical representation of the complex functioning of the human mind, of the amorphousness and fluidity of thoughts at some presumed stage before the crystallization of ideas.

By distorting the figurative elements into strange, composite structures, as well as by the short elliptical titles, a gap is created in the possibility of explicitly revealing the narrative. The space between the pictorial and the textual is occupied by abstract forms that are a simulation of text, and oscillate in morphing, back and forth.
The animation that is projected on canvas and represents a kind of punctum in the whole, a perceptual crossroad, functions in a similar way: it belongs to it at the same time, but it is also an anomaly. Deviating from the static, it also reveals the potential of the other pictures.

The viewer is confronted with a kind of open work: the space that the artist conceivers as a reconstruction of a “cell of mental maps”, connects the individual images together with the directed light and the subtle sound, into a symbiotic whole.
Vladimir Jancevski
Skopje, October 5-16
Skopje, October 5-16
Filip Velkovski, (1988) is a visual artist living and working in Skopje, North Macedonia.
His artist research draws upon mental images, dreams and marginal mythologies. He use the medium of painting, installation and digital illustration in order to produce fictional scenarios and subversive spaces. Velkovski’s works are composed of thick layers of colors and variety of materials, through which he emphasize the material and metaphysical aspects of the medium itself and its relation to the society.
Filip’s work recently has been selected for XII Biennial of Young Artists at MoCA, Skopje, N. Macedonia (2018); participated in workshop exhibition in “Neu Neu Gallerie” – experimental gallery space as part of Documenta XIV in Kassel, Germany (2017); and same year he had his first solo exhibition “Liminal Figures” in MKC Gallery, Skopje, N. Macedonia.
Since 2012 Velkovski has been affiliated with art collective КУЛА (Tower), a platform for inter-crossing artistic tendencies and inventive initiatives of the cultural agenda of the city of Skopje.
Alongside his art practice, Filip work as a curator for a multimedia art festival “It’s easier to breathe underground” in Skopje, N. Macedonia. Together with a group of artists, he initiated the festival in 2013, and have been organizing it on an annual basis ever since. Taking place in an underground garage, the aim of the festival is to occupy public space and transform it into a gallery and performance platform. In Velkovski’s role as the festival’s fine art exhibition curator, he has experimented with exhibiting fine art in the unorthodox settings, looking at how the work’s context changes within the site-specific location of the industrial environment of the garage.
* The event will be organized in accordance with the protocols for organizing events indoors. Please adhere to them. The number of visitors is reduced, wearing masks is mandatory during the whole event.
Additional Details
Project Title -
Project -