Skip to main content

Семинар – Вовед во критичка психологија со проф. др. Атанасиос Марвакис

Registrations have closed.
Семинар – Вовед во критичка психологија со проф. др. Атанасиос Марвакис

Семинар – Вовед во критичка психологија со проф. др. Атанасиос Марвакис

by
379 379 people viewed this event.

Во КСП Центар-Јадро, на 10ти април (понеделник) во 17:00 часот ќе се одржи семинар „Вовед во критичка психологија“ со проф. др. Атанасиос Марвакис.

Семинарот на грчкиот критички психолог Атанасиос Марвакис е замислен да биде воведен дел од овогодинешната читачка група. Секој/а кој сака да слушне повеќе за критичката психологија и/или сака да биде вклучен во читачката група, го покануваме на семинарот. На читачката група ќе читаме дела од авторите Клаус Холзкамп, Јан Паркер, Томас Тео и др.

  1.  Вовед во критичка психологија
    17:00 – 18:15 часот
    Во првото предавање ќе имаме можност да се запознаеме со почетоците на критичката психологија, нејзините цели и граници и како всушност мејнстрим психологија е анализирана од страна на критичката психологија
  2.  Предизвиците на критичката психологија денес
    18:30 – 20:00 часот
    Во второто предавање ќе се зборува за потребата на кричката психологија денес, како може да помогне во менталната здравствена криза иполитичката практика и како до позначајна психологија која е ги препознава локалните и национални контексти.

👉 Критичката психологија е пристап кон психологијата кој е фокусиран на испитување и оспорување на структурите на моќ и социјалните неправди кои се присутни во општеството. Препознава различни системи на угнетување, како што се расизмот, сексизмот и хомофобијата, и анализира како тие влијаат на психолошките искуства и благосостојбата на луѓето. Критичката психологија, исто така, ја нагласува важноста од препознавање и решавање на методите на кои самата психологија може да биде соучесник во зајакнувањето на овие структури на моќ. Ги критикува традиционалните психолошки теории и практики за често занемарување или дури и овековечување на овие угнетувачки системи. Генерално, критичката психологија има за цел да промовира социјална правда и еднаквост преку предизвикување и трансформирање на статус кво на доминантните структури на моќ и идеологии.

Атанасиос Марвакис, докторирал на Универзитетот во Тибинген/Германија. Тој е професор по клиничка социјална психологија на Факултетот за образование на Универзитетот Аристотел во Солун/Грција. Од 1990 година, тој има предавано и има истражувачко искуство во Германија, Латвија, Холандија, Австрија, Хрватска, Грција, Обединетото Кралство, Турција, Јужна Африка, Луксембург, Кина, Канада, Данска, Мексико, Бразил и Чиле. Неговите интереси воглавно се околу психологијата и нејзините односи со различните форми на социјални нееднаквости и социјална исклученост (на пример, расизам, национализам, етницизам, мултикултурализам); младите како социјална група; бегалци и мигранти во Грција; солидарноста како теоретско и практично прашање и алатка во општествените науки. Понатаму, во последните години тој се занимава со критичката психологија на учењето, „училиште-комплексот“ и неолиберализацијата на психолошкиот режим.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-04-10 @ 17:00 to
2023-04-10 @ 19:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends