Skip to main content

„Човеколики неволји “- Изложба на партиципативен ументички проект (видео, звучен пејзаж, инсталација)

Registrations have closed.
„Човеколики неволји “- Изложба на партиципативен ументички проект (видео, звучен пејзаж, инсталација)

„Човеколики неволји “- Изложба на партиципативен ументички проект (видео, звучен пејзаж, инсталација)

by
403 403 people viewed this event.

Почитувани, Ве покануваме, во вторник (14.02.2023), во 20ч., на отворање на уметничкиот проект „Човеколики неволји “.

Човеколки неволји е партиципативен уметнички проект инициран од Ивана Мирчевска, во коj учествуваат Ангела Манчевска, Дијана Велковска, Ивана Самандова, Ивана Јовановска, Јован Гаковски, Кристијан Стефановски, Риџет Ферати и Христина Крстеска.

Препознавјќи го пејзажот и неговите сочинители како активни посредувачи во креирањето на условите за живот, проектот се повикува на локалните еколошки предизвици, истражувајќи ги проблематичните граници меѓу формите создадени од човекот и нечовечките нешта.„Човеколкиувањето“, или, антропоморфизирањето, претставува културна и визуелна практика на припишување човечки карактеристики на околината, најчесто женски атрибути, однесувања и појави. Всушност, човечкиот лик е отелотворен и во денешниот дискурс кој ја објаснува тековната планетарна состојба преку поимот на „Антропоцен“ (ера во која човечкото влијание доминира врз природниот тек на процесите на природата).

Проектот поаѓа од интеракцијата на учесниците со нивните не-човечки алтер-ега: водени тела, воздух, обликоменувач, мицелиумска мрежа, почва, коски и желка. Истражувајќи форми на меѓутелесна комуникација, вмрежување и заедништво, помеѓу учесниците и алтер-егата, како и помеѓу алтер-егата кога делуваат заедно, проектот обработува разни форми на уметнички процес и продукција, проследени со посета на локални индустриски урнатини (поранешната фабрика „Стаклара“ и населбата „Керамидница“), антропогените шуми како Гази Баба и Марково Крувче, неолитската населба Tумба Маџари, базенот на Езерото Треска и пермакултурната градина Бостание.
На алтер-eгата им приоѓаме како човеколики неволји. Како објекти со антропоморфни карактеристики кои произлегуваат од проблематичната интеракција помеѓу луѓето и околината. Kако поглед или средба манифестирана во неможноста за меѓусебно разбирање, во препознавањето на едни со други, разменувајќи истовремено чувства на непријатност и задоволство.

Преку користење на текст, објекти, телесни движења и гестови, инстаграм филтри и звучна медитација, како и преку препознавањето на нашето ограничено разбирање за алтер-егата, тие самите ја трансформираат нашата желба за припишување човеколики карактеристики. Создадените алтер ега нѐ покануваат да ги прифатиме човековите сетилни и технолошки граници, во пресрет на заедничката прекаријатна еколошка сегашност.
Соработници: Ишјан Твин, Маја Цибрева, Амир Карахасан

Проектот е спроведен во рамки на програмата „Места на дарежливост – трансформативни станици“ на КСП „Центар-Јадро“ со поддршка на Фондација отворено општество Македонија.

****

Ивана Мирчевска (1992, Скопје) е визуелна уметница и истражувачка која работи преку слики во движење, текст и инсталација. Нејзиното истражување произлегува од спојот помеѓу технологиите на визуелизација и просторната конфигурација на погледот и телото. Од 2014 Ивана Мирчевска е активен учесник во локалната независна и експериментална уметничка сцена. Таа е соосновач на фестивалот „Под земја полесно се дише“- платформа за ефемерни и експериментални уметнички практики курирана од колективот Кула. Ивана има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности на отсек сликарство (2015) и магистрирано на Академијата за ликовни уметности Брера во Милано, Италија (2018). Ивана е добитник на наградата ДЕНЕС за млад визуелн уметник (2022).
Нејзините неодамнешни дела и ангажмани вклучуваат: „Медиум Пукнатина: Алтернативен сет на потпори за искачување“ во Галерија Ко-Ра (2021)и Награда ДЕНЕС Мултимедијален центар „Мала станица“(2022), уметничка книга “At an angle of 4 5 degrees” издадена во соработка со „Приватен принт“, “Notes from surfacing: At an angle of 45 degrees” Студио Приватен Принт (2021), како и колаборативните проекти: „Иконографија на ритуалот: Пливање во лепливото езеро“ во Галерија МКЦ (2021) и „Ничии прагови конкретно“ Галерија МКЦ (2020).
Нејзините дела се изложувани и прикажувани во контекстот на BANG BANG Festival- LATE TO THE PARTY : MACEDONIAN PERFORMANCE ON VIDEO, Museum Tinguely, Базел, Швајцарија(2022), Supernova Regeneration Festival, Денвер, САД (2021), Dislocations, Scottish Graduate School for the Arts and Humanities (2021), 1Биенале на млади, Белград, Србија (2021); Fuori Visioni Festival 6| Tra muro e confine-Atto I e II, Пијаченца, Италија (2020-2021); Биенале на млади уметници, МСУ, Скопје (2021).

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-02-14 @ 20:00 to
2023-02-16 @ 21:30
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends