Skip to main content

Art Exhibitions Vol. 6 | Изложба на Јана Николовска и Ива Станковска

Registrations have closed.
Art Exhibitions Vol. 6 | Изложба на Јана Николовска и Ива Станковска

Art Exhibitions Vol. 6 | Изложба на Јана Николовска и Ива Станковска

by
1385 1385 people viewed this event.

Art Exhibitions Vol. 6

Изложба на Јана Николовска и Ива Станковска
11 мај (сабота) | 20.00 часот

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да им овозможи продукција на нови дела и нивна промоција. Во КСП Центар – Јадро ќе се одржи шестото издание на кое со свои дела ќе се претстават уметниците Ива Станковска и Јана Николовска. Претходните едиции на овој циклус изложби беа огранизирани во субкултурниот центар „Shortbus“. Куратор на изложбата е Ѓорѓи Додев.

Ива Станковска дипомирала сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Досега учествувала на голем број групни и самостојни изложби, а била дел и од неколку колаборативни проекти. Нејзиниот работен процес вклучува истражување на различни материјали, нивните карактеристики и можности што ги нудат за да станат уметнички дела. Истражувачките методи ѝ овозможуваат да работи со различни материјали, вклучувајќи епоксидна смола, стакло и огледало, мраз, текстил, фасадна боја, замрзната боја и преку различни медиуми како сликарство, скулптура и site-specific инсталации.

Јана Николовска дипломирала сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Првите медиуми во кои создавала се сликарството и цртањето, а подоцна почнала да се занимава со фотографија и дигитални медиуми. Го истражува дигиталниот свет создавајќи колажи од нејзините фотографии, како и дигитални илустрации. Нејзиниот креативен процес во поново време вклучува експериментирање со видео и звук.


Art Exhibitions Vol. 6
Exhibition of Jana Nikolovska and Iva Stankovska
May 11 (Saturday) | 20.00 h

“Art Exhibitions” is a project whose goal is to support young artists from Macedonia and enable them to produce new works and promote them.The sixth edition will be held at SCS Centar – Jadro, where artists Iva Stankovska and Jana Nikolovska will present their works. The previous editions of this cycle of exhibitions were held at the subcultural center “Shortbus”. Curator of the exhibition is Gjorgi Dodev.

Iva Stankovska studied painting at the Faculty of Fine Arts in Skopje. So far, she has participated in a large number of group and solo exhibitions, and was part of several collaborative projects. Her working process involves researching different materials, their characteristics and the possibilities they offer to become works of art. These research methods allow her to work with a variety of materials, including epoxy resin, glass and mirror, ice, textiles, facade paint, frozen paint and through various media such as painting, sculpture and site-specific installations.

Jana Nikolovska graduated from the painting department at the Faculty of Fine Arts in Skopje. The first media in which she created were painting and drawing, and later she started working with photography and digital media. She explores the digital world by creating collages from her photographs as well as digital illustrations. Her creative process also involves experimenting with video and sound.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-05-11 @ 20:00 to
2024-05-11 @ 22:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends