Интимни фамилијарности, сплотени разлики | Воведно предавање за читачка група за феминизам и студии на животните на Катерина Шекутковска
Интимни фамилијарности,
сплотени разлики
Воведно предавање за читачка група за феминизам и студии на животните на Катерина Шекутковска
14 мај (вторник) | 20.00 часот
Срдечно Ве покануваме на првата средба на овогодинешната читачка група на КСП Центар-Јадро. Со воведното предавање, насловено: „Интимни фамилијарности, сплотени разлики“, започнуваме со четвртиот циклус средби кој оваа година ќе го истражува продуктивниот и возбудлив пресек помеѓу феминизмот и студии за животните. Овој интерсекциски пристап нуди согледби на мноштво интересни паралели помеѓу видовите кои поттикнуваат да се преиспитаат наметнатите разлики, да се реобмислат често опозициски поставените категории човек/животно, како и да се имагинира една нова етика која ќе ги вклучува правата на сите видови.
Токму сличностите и разликите меѓу видовите, но и дефинирањето на нивната заедничка борба стојат во фокусот на воведното предавање: „Интимни фамилијарности, сплотени разлики“. Разгледувајќи ги епистемолошките, родовите (перформативно-идентитетските), етичките и трудово-правните аспекти на односот и соодносот на човекот (односно жената) и животното. Во рамки на предавањето ќе бидат претставени темите, авторите/ките и текстовите кои ќе бидат обработени и дискутирани за време на осумте средби на читачката група. Сродноста во доживувањето на жената и животното како ‘друг’, но и меѓусебната зависност и поврзаност на категориите во начинот на кој размислуваме за анималноста и родот, претставуваат еднакво важни теми за читачката група, како и важноста за реконцептуализација на човековиот однос со нечовечки суштества и постојните динамики на моќ.
Токму низ преиспитување на наводната привилегија на човекот над животното и сличностите во феминистичката борба и борбата за правата на животните, се отвора простор за градење на нова еко-феминистичка етика и практика, која неретко го наоѓа својот израз и во уметностите. Во последниот дел од предавањето ќе се осврнеме и кон неколку примери во кои јасно се гледа третманот на овие прашања и теми во уметноста, особено во книжевноста. Покрај содржинскиот дел, во рамки на предавањето ќе биде презентирана и целосната програма на средбите, термините како и можностите за учество.
Реализацијата на четвртиот циклус од Читачката група е дел од годишната програма КСП Центар-Јадро, поддржана од Минстерството за култура на Република Северна Македонија.
Катерина Шекутковска (Скопје, 1988) го стекнува додипломското образование на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје при катедрата за германски јазик и книжевност. По едносеместралниот престој на Универзитетот во Констанц (Германија) таа ги започнува своите постдипломски студии на катедрата за германска книжевност и медијација на книжевноста на Универзитетот во Бамберг (Германија). По завршување на практичниот дел од докторските студии (посетување на предавања, колоквиуми и конференции) како и по неколку годишната соработка како научен истражувач и предавач на Универзитетот во Бамберг, таа моментално работи на својата докторска дисертација како и на преведувачки и истражувачки проекти. Во 2022 година таа ја основа издавачката куќа „Илика“ каде фигурира како главна и одговорна уредничка. Во фокусот на нејзината работа стои интердисциплинарноста која произлегува од повеќегодишното академско искуство и практичната работа во полето на издаваштвото и театарот. За време на тригодишната работа како претставничка на докторадите на школата за книжевност, култура и медиуми при Универзитетот во Бамберг таа организирала читачки кружок за теориска литература и салонски дискусии во чии рамки се тематизирале феномени и проблематики кои произлегуваат од пресекот помеѓу теоријата и уметностите. За својата работа како академска истражувачка и преведувачка таа е добитничка на повеќе стипендии (двократно стипендистка на ДААД, истражувачка стипендија „РАДИАЛ“ за преведувачи, резеденцијална стипендија од ЛЦБ Берлин итн.).
Intimate Familiarities, Embedded Differences
Reading Group – An Initiative for Critical Thinking
A public introduction lecture by Katerina Shekutkovska
14 May (Tuesday) | 20.00 h
We invite you to the first meeting of this year’s reading group of SCS Centar-Jadro. With the introductory lecture, entitled: “Intimate Familiarities, Embedded Differences “,we are starting with the fourth cycle of meetings of the reading group of Centar Jadro. The topic for the reading group in 2024 will be “Feminism and animal studies.” In continuation of the cycle of meetings of the reading group that exists since 2021 and deals with the analysis of modern theoretical ideas, SCS Centar-Jadro will also form a group in 2024 to readers who will publicly discuss a topic of current cultural and sociological theory. As in the past years, the focus of the research is on texts that have not been published in the Macedonian language and/or are rarely thematized. The public character of the events aims at opening these ideas and topics, but also at the culture of discussion for the wider audience, so this year we will encourage the community to participate in the meetings that will be held in the premises of our space. The group will have the opportunity to communicate its analyzes and conclusions with the community through public discussions, and at the end of the work process, the most regular participants will write texts about the topics that will be the focus of the meetings. Then, the texts will be published on the website of SCS Centar-Jadro.
Katerina Shekutkovska (Skopje, 1988) obtained her undergraduate education at the Faculty of Philology “Blaze Koneski” in Skopje at the Department of German Language and Literature. After a one-semester stay at the University of Konstanz (Germany), she began her postgraduate studies at the Department of German Literature and Literary Mediation at the University of Bamberg (Germany). After completing the practical part of her doctoral studies (attending lectures, colloquiums, and conferences) as well as several years of collaboration as a scientific researcher and lecturer at the University of Bamberg, she is currently working on her doctoral dissertation as well as on translation and research projects. In 2022, she founded the “Ilika” publishing house, where she appears as the main and responsible editor. The focus of her work is interdisciplinarity, which stems from many years of academic experience and practical work in the field of publishing and theater. During the three-year work as a representative of the doctoral students of the School of Literature, Culture and Media at the University of Bamberg, she organized a reading group for theoretical literature and salon discussions in which phenomena and problems arising from the intersection between theory and the arts were thematized. For her work as an academic researcher and translator, she is the recipient of several scholarships (a two-time DAAD scholarship holder, a “RADIAL” research scholarship for translators, a residential scholarship from LCB Berlin, etc.).
Additional Details
Project Title -
Project -