Skip to main content

Црвено училиште | Изложба на Дубравка Угрешиќ

Registrations have closed.
Црвено училиште | Изложба на Дубравка Угрешиќ

Црвено училиште | Изложба на Дубравка Угрешиќ

by
1482 1482 people viewed this event.

Црвено училиште

Изложба на Дубравка Угрешиќ
26 април (петок) | 19.30 часот

„Црвено училиште“ е изложба на познатата писателка, есеистка и преведувачка Дубравка Угрешиќ, чија работа имаме да чест да ја дожиевееме покрај пишаниот збор, и преку медиумот на визуелното. Изложбата ќе се отвори во петок, 26 април 2024 година, во 19.30 часот. По Ријека, Згреб и Белград конечно „Црвеното училиште“ допатува и до Скопје, преку соработката на Контрапункт и Мултимедијалниот Институт „МАМА“ од Загреб.

…На почетокот на војната во Југославија во 1991 година, Дубравка Угрешиќ случајно доаѓа до една школска книга, која според годината на издавање лесно би можела да биде нејзина. Тогаш пред писателката одеднаш се појавуваат два света – древниот, заборавен свет на книгата кој некогаш ветувал среќна иднина, и друг, реален, сегашен свет, кој брутално ја оспорува таа иднина. Оваа случка претставува поттик за Дубравка Угрешиќ да почне да собира книги, а резултира во низа текстови и визуелни дела кои се претставени на оваа изложба…

На отворањето на изложбата ќе бидат промовирани 4 книги на писателската: „Црвено училиште“, „Нарилник за вештерки“, „Штефица Цвек во челустите на младоста“ и „Тука нема ништо“ во превод на македонски јазик.

Дубравка Угрешиќ (1949 – 2023) е хрватска, југословенска и холандска писателка, публицистка и научничка. Угрешиќ дипломирала општа и компаративна книжевност и руска книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Работела повеќе од дваесет години на Институтот за теорија на книжевноста. По распадот на Југославија, во 1993 година се преселила во Амстердам.


Crvena škola (The Red School)
An exhibition by Dubravka Ugrešić
26 April (Friday) | 7.30 p.m.

“Crvena škola” (The Red School) is an exhibition of the famous writer, essayist and translator Dubravka Ugrešić, whose work we have the honor to experience in addition to the written word, and through the medium of the visual. The exhibition will open on Friday, April 26, 2024, at 7:30 p.m. After Rijeka, Zagreb, and Belgrade, the “Crvena škola” finally reaches Skopje through the cooperation of Kontrapunkt and the Multimedia Institute “MAMA” from Zagreb.

… At the beginning of the war in Yugoslavia in 1991, Dubravka Ugrešić accidentally comes across a school book, which according to the year of publication could easily be hers. Then two worlds suddenly appear in front of the writer – the ancient, forgotten world of the book that once promised a happy future, and another, real, current world, which brutally disputes that future. This incident is an incentive for Dubravka Ugrešić to start collecting books, and results in a series of texts and visual works that are presented in this exhibition…

At the opening of the exhibition, 4 books of the writer will be promoted: “Crvena škola”, “Brnjica za vještice”, “Štefica Cvek u raljama života” and “There is nothing here” translated into Macedonian.

Dubravka Ugrešić (1949 – 2023) is a Croatian, Yugoslav and Dutch writer, publicist and scientist. Ugrešić graduated in general and comparative literature and Russian literature at the Faculty of Philosophy in Zagreb. She worked for more than twenty years at the Institute of Literary Theory. After the breakup of Yugoslavia, in 1993 she moved to Amsterdam.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-04-26 @ 19:30 to
2024-04-26 @ 22:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends