Skip to main content

Втора работна средба во КСП Центар-Јадро во рамки на Регионалниот уметнички проект ECHO CURVE

Registrations have closed.
Втора работна средба во КСП Центар-Јадро во рамки на Регионалниот уметнички проект ECHO CURVE

Втора работна средба во КСП Центар-Јадро во рамки на Регионалниот уметнички проект ECHO CURVE

by
68 68 people viewed this event.

Втора работна средба во
КСП Центар-Јадро во рамки на Регионалниот уметнички проект
ECHO CURVE

23-27 јули (вторник-сабота)

ECHO CURVE е заеднички проект на Алтернативниот културен центар „Attack“ од Загреб, Здружението за современа уметност и кураторски практики „Проектниот простор Прес ту егзит“ од Скопје, и Асоцијацијата на уметници „Project EXP“ од Нови Сад, која е и иницијатор и носител на проектот. Проектот го нагласува процесот и практики засновани на истражување, кои ги опфаќаат и образовните и креативните аспекти. Проектните активности се одвиваат во периодот од мај до ноември 2024 година, а започнаа со отворен повик за пријавивување на млади уметници до 30 годишна возраст од овие три града, од кои, по пат на селекција, беа избрани девет, по тројца уметници од секој град, и тоа: Игор Таневски, Мануела Паук, Иван Станиќ, Христијан Нашуловски, Мирјана Миловановиќ, Ума Томашевиќ, Наталија Ранковиќ, Јован Јосифовски и Стела Микулин. Потоа следеше online средба и запознавање со организаторите и уметникот Јане Чаловски кој е во улога на ментор. Првата работна средба се одржа во Загреб од 22-26 јуни во просторот на „Attack“ во рамки на која свое предавање имаше Сабина Саболовиќ од кураторкиот колектив WHW, а се посетија простори и институции од независната културна сцена. Втората работна средба со работилница, прошетки низ градот, запознавање со огранизации и простори од културата, средба со уметници и куратори, како и предавање на уметницата Христина Иваноска, ќе се одржи од 23-27 јули во Скопје во КСП „Центар-Јадро“. Во текот на овие работни средби уметниците работат на разработка и реализација на нови идеи и дела кои ќе бидат изложени во рамки на групна изложба во Нови Сад курирана од македонската кураторка Јованка Попова во почетокот на месец ноември, а која ќе биде заокружување и последна средба во рамки на проектот. Регионалниот уметнички проект „ECHO CURVE“ е поддржан од Швајцарската влада преку проектот „Culture for Democracy“, а имплементиран од Heartefact Foundation. За повеќе информации посетете ја веб страната www.projectexp.org/echo-curve

Која е идејата зад проектот ECHO CURVE?

Во контекст на физиката, а токму при мерењето на мерачите на радарското ниво, „кривата на ехо“ е графички приказ на сигналот што го добива радарската антена додека е во интеракција со површината на измерениот медиум. Што тоа може да значи за младите уметници кои се обидуваат да се поврзат и да најдат начин да се осврнат на сигналите добиени од нивната непосредна околина и светот воопшто? Како младите уметници го мерат светот и пренесуваат пораки преку нивната уметност? Како тие комуницираат и меѓу себе и со публиката? Како тие ги користат повратните информации за понатамошно обликување на нивните уметнички практики?


Second working meeting in
SCS Centar-Jadro within the framework of
the Regional Art Project ECHO CURVE

23-27 July (Tuesday-Saturday)

ECHO CURVE is a joint project of the ACC “Attack” from Zagreb, the Association for Contemporary Art and Curatorial Practices “Project Space Press to Exit” from Skopje, and the Association of Artists “Project EXP” from Novi Sad, which is both the initiator and the holder of the project. The project emphasizes research-based processes and practices that encompass educational and creative aspects. The project activities take place in the period from May to November 2024. They started with an open call for young artists up to the age of 30 from these three cities, from which, through selection, nine were chosen, three artists from each city, namely: Igor Tanevski, Manuela Pauk, Ivan Stanić, Hristijan Nashulovski, Mirjana Milovanović, Uma Tomasević, Natalija Ranković, Jovan Josifovski and Stela Mikulin. Then followed an online meeting and getting to know the organizers and the artist Yane Calovski, who is in the role of a mentor. The first working meeting was held in Zagreb from June 22-26 in the space of “Attack”, during which Sabina Sabolović from the curatorial collective WHW gave a lecture, and spaces and institutions from the independent cultural scene were visited. The second working meeting with a workshop, walks around the city, visiting cultural organizations and spaces, a meeting with artists and curators, as well as a lecture by the artist Hristina Ivanoska, will be held from July 23-27 in Skopje at the SCS “Center-Jadro”. During these working meetings, the artists work on the development and realization of new ideas and works that will be exhibited as part of a group exhibition in Novi Sad curated by the Macedonian curator Jovanka Popova in early November, which will be the culmination and final meeting in the frame of the project. The Regional Art Project “ECHO CURVE” is supported by the Swiss government through the “Culture for Democracy” project, and implemented by the Heartefact Foundation. For more information, visit www.projectexp.org/echo-curve

What is the idea behind the ECHO CURVE project?

In the context of physics, and precisely when measuring radar level meters, the “echo curve” is a graphical representation of the signal received by the radar antenna as it interacts with the surface of the measured medium. When translated into what it can mean to young artists trying to connect and find a way to address the signals received from their immediate surroundings and the world at large, it is a specific and very abstract proposition. So, how do young artists measure the world and convey messages through their art? How do they interact both among themselves and with the audience? How do they utilize feedback to further shape their artistic practices?

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-07-23 to
2024-07-27
 

Location

 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends