Skip to main content

Траги | Самостојна изложба | Горан Ристовски

Registrations have closed.
Траги | Самостојна изложба | Горан Ристовски

Траги | Самостојна изложба | Горан Ристовски

by
507 507 people viewed this event.

28.10.2023 (сабота) | 20.00 ч.
Изложбата ќе биде отворена до 31.10.2023

 

„Во овој негов циклус дела, заинтригиран од модификацијата на природниот пејзаж, и одново „привлечен“ од сензацијата која цртачките елементи на изразот и класичниот графички отисок се способни да ја дадат, Ристовски, инаку графичар по вокација, одново се навраќа на чистиот графички израз, претставувајќи ни цртежи и графики, овојпат работени исклучиво во техника линорез, со димензии кои варираат главно помеѓу 100х60см, 80х50 и 50х70см.“

Ангела Витановска
историчар на уметност
септември, 2022

„Горан Ристовски ја критикува човечката сурова интервенција врз природната средина низ финиот апстрактен цртеж и експресивно педантно изработената графика. Погледот ни го заматуваат меката линија и потезите на бришење, создавајќи експресивно линеарен третман кој ги спојува цртежите и графиките (линорези) во нови „Избришани пејзажи”. Тој ни нуди некои природни простори што некогаш постоеле. Уметникот својот активизам го практикува забележувајќи сцени од девастација на природата, повикувајќи на свесност, а не бегство во индиферентност.“

Дијана Томиќ Радевска
куратор
мај 2021

Горан Ристовски е визуелен уметник кој живее и работи во Струга. Во 2009 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот за графика, насока графички дизајн. Во 2013 година заедно со други локални уметници го формираат уметничкото здружение ИНКА, преку кое следните 7 години ќе организираат различни културно-уметнички настани најчесто лоцирани во Струга. Еден од таквите настани е Фестивалот за процесирање култура – ДРИМОН кој станува препознаен на локално и меѓународно ниво. Наредните години реализира изложба во Музеј Робевци во Охрид со делата „Ликвидирани вредности“, потоа изложба на фотографски циклус во Прима Центар во Берлин и потоа во Скопје и Струга.

Неговата уметничка практика се состои од истражување на различни техники и материјали, се изразува преку цртеж, слика, фотографија, графика, инсталација, вклучувајќи и готови предмети како и муралот како улична уметност. Во неговата творечка практика инспирацијата потекнува од посматрање и реакција на локалните случувања, како тие влијаат врз индивидуата и општеството, промените предизвикани од човечкиот фактор врз природата како и традиционалните трансформации и мемории рефлектирани во современиот свет. Активно учествува на локални проекти од областа на културата.


Traces
A solo exhibition by Goran Ristovski

28 October 2023 (Saturday) | 20.00h
The exhibition will be open until 31 October

“In this series of his works, intrigued by the modification of the natural landscape, and again “attracted” by the sensation that the expressive drawing elements, and the classic graphic imprint are capable of giving, Ristovski, a graphic artist by vocation, returns again and again to the pure graphic expression, exhibiting drawings and graphic prints, this time made exclusively in linocut, with dimensions that vary mainly between 100x60cm, 80×50 and 50x70cm.”

Angela Vitanovska
art historian
September, 2022

“Goran Ristovski criticizes human’s cruel intervention on the natural environment through fine abstract drawings and expressively, meticulously created graphic works. Our view is blurred by the soft line and strokes of erasure, creating an expressive linear treatment that combines drawings and graphics (linocuts) in new “Erased Landscapes”. It offers us some natural spaces that once existed. The artist practices his activism by noting scenes of devastation of nature, calling for awareness and not escape into indifference.”

Dijana Tomik Radevska
curator
May, 2021

Goran Ristovski is a visual artist who lives and works in Struga. In 2009, he graduated from the Faculty of Fine Arts in Skopje, at the graphic arts department, majoring in graphic design. In 2013, together with other local artists, they formed the art association INKA, through which they organized various cultural and artistic events mostly located in Struga for the next 7 years. One of such events is the Festival for Processing Culture – DRIMON, which became recognized locally and internationally. In the following years, he realized an exhibition at the Robevci Museum in Ohrid with the works “Liquidated Values”; then an exhibition of a series of photographic works at Prima Centar in Berlin and then in Skopje and Struga.

His artistic practice consists of researching different techniques and materials, expressed through drawing, painting, photography, graphics, installation, including finished objects as well as murals as street art. In his creative practice, inspiration comes from observing and reacting to local developments, how they affect the individual and society, the changes in nature caused by human factors, as well as traditional transformations and memories reflected in the modern world. He actively participates in local cultural projects.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-10-28 @ 20:00 to
2023-10-31 @ 22:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends