Skip to main content
култураработилница

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА РАБОТИЛНИЦА „NFT ART – револуција или полуција“

By June 9, 2023No Comments
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА РАБОТИЛНИЦА „NFT ART – револуција или полуција“ 👉 https://forms.gle/LZDMGS7FTYNbhhBN8

NFT уметноста претставува новост во дигиталниот свет. NFT (https://en.wikipedia.org/wiki/Non-fungible_token) е уникатен дигитален идентификатор, со кој се докажува автентичност на дигитално уметничко дело. Ова отвора цел спектар на можности за уметниците и кураторите да ги пласираат своите дела, а претставува опасност што може да ја редефинира целата индустрија. Актуелноста на современите дигитални уметнички медиуми постојано расте од година во година и овој тренд не ја одминува нашата земја и уметниците кои творат тука.
Низ дводневната работилница „NFT ART – револуција или полуција“, уметниците детално ќе се запознаат со новите текови во дигиталниот свет, како и со можностите што овој свет ги нуди за коегзистенција на уметноста и дигиталното. Работилницата ќе биде склоп од предавања, дебати и практична работа на која учесниците/уметниците ќе се стекнат со основните знаења на темата. Фокусот ќе биде кон објаснување на начинот на кој функционира NFT преку практични примери, со покажување што се случува во позадина. Овој процес има за цел да ги мотивира учесниците да креираат сопствен профил како уметник во NFT светот.
Работилницата е наменета за 20 уметници и куратори (во зависност од бројот на пријави и интересот) од сите области, особено ликовната уметност.
  • Време: 20 и 21 јули во 19 часот
  • Локација: КСП Центар Јадро
  • Ментор: Давор Илиев и Тања Ефремова
———————————————————————————————
Давор Илиев е роден во Дортмунд, Германија, а живее и работи во Скопје. Уште од мал пројавува интерес за пишување и аудио-визуелни уметности. Дипломирањето на отсекот за Информатика на Природно-математичкиот факултет му овозможува да започне професионално да се занимава со мултимедија дизајн на почеток, а потоа и UI/UX дизајн. Со 18 годишно работно искуство, работел на голем број разновидни проекти за домашни и за големи странски клиенти. Последните 2 години е посветен на NFT уметноста и WEB3 програмирањето.
Тања Ефремова (1980, Скопје) дипломирала на институтот за историја на уметност и археологија на Филозовскиот факултет во Скопје (2007). За време на студиите учествува на неколку проекти од областа на археологијата, а потоа нејзиниот интерес го привлекуваат дигиталните медиуми. Како резултат на тоа во 2005 година за првпат почнува да работи како веб дизајнер во софтверската копанија Babylon Software Solution, Скопје/London. Во оваа професија останува до денес стекнувајќи се со одлично искуство во сферата на современите медиуми.
——————————————————————————————–

Workshop: NFT ART – revolution or pollution

NFT art is a novelty in the digital world. An NFT (https://en.wikipedia.org/wiki/Non-fungible_token) is a unique digital identifier that proves the authenticity of a digital artwork. This opens up a whole range of possibilities for artists and curators to market their work, and is a threat that could redefine the entire industry. The relevance of modern digital art media is constantly growing from year to year and this trend does not pass our country and the artists who create here.

During the three-day workshop “NFT ART – revolution or pollution”, artists will get to know in detail the new trends in the digital world, as well as the opportunities that this world offers for the coexistence of art and digital. The workshop will be a set of lectures, debates and practical work where the participants/artists will acquire the basic knowledge of the subject. The focus will be set towards explaining the way NFT works through practical examples, showing what happens in the background. This process aims to motivate participants to create their own profile as an artist in the NFT world.

The workshop is intended for 20 artists and curators (depending on the number of applications and interest) from all fields, especially fine art.

Tanja Efremova (1980, Skopje) graduated from the Institute of Art History and Archeology at the Faculty of Philosophy in Skopje (2007). During her studies, she participated in several archeology projects, and then digital media attracted her interest. As a result, in 2005 she started working for the first time as a web designer in the software company Babylon Software Solution, Skopje/London. She remains in this profession until today, gaining excellent experience in the field of modern media.

Davor Iliev was born in Dortmund, Germany, and lives and works in Skopje. From an early age, he showed an interest in writing and audio-visual arts. Graduating from the Department of Informatics at the Faculty of Science and Mathematics allows him to start professionally dealing with multimedia design at first, and then UI/UX design. With 18 years of work experience, he has worked on a number of diverse and large scale projects, both for domestic clients and outsourced projects for the US and EU. For the last 2 years he has been dedicated to NFT art and WEB3 programming.

[email protected]

Leave a Reply