Во склоп на новиот проект Arts Hub на културниот-социјален простор Центар-Јадро ќе се одржи четири месечен бесплатен курс за аудио продукција. Часовите ќе се одржуваат еднаш седмично, секој четврток во просторот на Центар-Јадро (ул. Алберт Ајнштајн бр.2, поранешна месна заедница „Дане Крапчев“) и ќе бидат во времетраење од 90 минути со почеток од 18:00 до 19:30 часот.
Предавач: Владимир Аговски, дипломиран аудио инженер.
Пријавувањето може да го извршите во периодoт од 16.02.2023 до 26.02.2020 на e-mail адресата [email protected] со назнака „Пријавувањеза курс за аудио продукција“. Секој апликант треба да ги наведе следните информации: година на раѓање, име и презиме, мобилен телефон и да го наведат искуството во аудио продукција.
Курсот започнува на 02.03.2023 (четврток), во 18:00 часот. Бројот на местата е ограничен и од прифатените апликанти се очекува редовност.
Курсот за аудио продукција ќе ги опфати темите за микс и мастер.
За изучување на овој курс е потребно да се има основно познавање во областа на аудио продукцијата. Познавање на барем една од DAW (Digital Audio Workstations) програмите и изработена музичка нумера (по канали) во програмата, без примена на микс и мастер фазата. Предавањата се осмислени на таков начин што, учесниците своите стекнати знаења во текот на курсот ги применуваат на претходно музички комплетирана нумера, во DAW програмата. Со завршување на истиот, тие веќе ќе имаат основно познавање и стручност од процесот на аудио продукција, а дел од нив ќе имаат и комплетно изработена музичка нумера. За поголем дел од предавањата ќе се делат печатени материјали во вид на мали скрипти, од темите кои што ќе се изучуваат на часот.
Главниот аудио софтвер (DAW), кој ќе се изучува и во кој ќе се работи нумерата е Steinberg Cubase. Предавањата се концепирани, доколку некој од партиципиентите работат во друг аудио софтвер, како на пример Ableton Live(1) или Avid Protools(1) ќе можат многу лесно наученото да го аплицираат во истиот.
Часовите главно ќе бидат насочени кон изучување на процесите на аудио микс и мастеринг. Може да се пријават сите кои имаат изработено музичка композиција (музичка нумера), во било кој музички правец.
______________________________________________________________________________________________________________________
Владимир Аговски е професионален аудио инженер. Тој се занимава со оваа дејност речиси 30 години, а веќе 15 години работи како предавач во своето школо за аудио продукција, кое воедно е и прво школо за изучување на хип хоп и електронска продукција. Како хип хоп пионер (доцните ’80 години) на нашиве простори помага на многу млади артисти во тоа време за градење на сцената и е основач на првата легална хип хоп издавачка куќа „ДНС продукција“ и првото македонско интернет хип хоп радио www.dns.mk. Воедно се јавува како и организатор на многу фестивали, еден од нив е првиот македонски хип хоп фестивал „Awareness – Get real“ и фестивалот за афирмација на млади рап изведувачи „Полноќна миса“.
Неговото име се врзува(2) со многу проекти, музички нумери, документарни и краткометражни филмови, серии, музика за театарски претстави, реставрација на аудио записи и сл. Има работено и како аудио инженер во телевизија, на настани во живо, тонец на сет, озвучување на бендови и оркестар итн.
Со завршување на овој курс ќе се здобиете ќе се стекнете со знаење кое ќе Ви претставува темел и помага во понатамошниот развој во доменот на аудио продукцијата.
(1) Предавачот има познавање и ги предава горенаведените програми.
(2) За дополнителни информации околу CV-то на предавачот може да се информирате на првиот час од курсот.
Kурсот за аудио продукција е дел од проектот Arts Hub на Центар-Јадро кој се реализира со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество-Македонија.