Јадро – Асоцијација на независна културна сцена ја издаде публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“ во авторство на новинарот и уредник Ѕвездан Георгиевски.
Публикацијата ги анализира културните политики на Градот Скопје и Општина Центар, земајќи ги како типични примери на двата различни, ама најчесто применувани принципа на финансирањето на вонинституционалната култура од јавни, односно буџетски пари во нашата држава за 2021 и 2022 година.
Заклучоците и препораките кои произлегуваат од оваа анализа подетално може да ги прочитате во текстот на уредникот, Никола Гелевски —> https://okno.mk/node/95931
Електронската верзија од „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“ во авторство на новинарот и уредник Ѕвездан Георгиевски може да ја преземете на следнив ЛИНК
Промоцијата и разговорот за културната понуда и можностите за културно дејствување овозможени од страна на Град Скопје и Општина го водеа авторот, Ѕвездан Георгиевски, и уредникот на публикацијата, Никола Гелевски.
Погледнете го видеото од промоцијата 👇👇👇
Куса биографија на авторот – Ѕвездан Георгиевски
Ѕвездан Георгиевиски е роден 1961 година во Јесенице, Република Словенија. Работел како новинар во повеќе редакции: „Нова Македонија“, „Пулс“, „Утрински весник“, „Глобус“. Еден е од основачите на „Канал 4“, првото приватно радио во Македонија. Основач е на наградата „Роман на годината“ што своевремено ја доделуваше „Утрински весник“, а сега ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Ги објавил книгите: „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“ (роман, „Темплум“, 2016, второ издание „Темплум“ 2018), „Урбани топоними“ (есеи, „Темплум“ 2018) и „Да не бидам покусо“ (раскази, „Просветно дело“, 2018). Преведува од англиски и од јазизите на некогашните југословенски републики. Досега превел десетина книги. Уредил повеќе зборници, алманаси и списанија. Во моментот работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“.
Никола Гелевски е директор на книгоиздателството „Темплум”, од 1989 (од самиздатските денови); главен и одговорен уредник на списанието „Маргина”, 1994-; главен и одговорен уредник на списанието за стрип „Лифт”, 1995-2000; основач и главен и одговорен уредник на порталот „Окно”, 2009-;
Автор е на десетина објавени книги: теорија, проза, песни за деца, стрипови, сликовници…
Колумнист на: „Форум”, 1999-2001; „Утрински весник”, 2001-2009; „Глобус”, 2009-2011; „Окно“, 2009-
Еден е од основачите на: здружението „Контрапункт”, 1999; културниот центар „Точка”, 2003-2009; здружението ГЕМ (Граѓани за европска Македонија), 2008; здружението ЈАДРО, 2017; Член на УО на ФООМ 2002-2006.
Добитник е на наградата „Борјан Таневски” за 2007 (за „најпроминентен колумнист на годината”