Skip to main content
креативно пишувањекултура

ПИШИ-БРИШИ | Мелиха Трубљанин | Лејла Даздаревиќ

By June 20, 2023No Comments

Повеќе пишувавме, а помалку бришевме на работилницата за креативно пишување „Пиши-бриши“ која се одржа во КСП Центар Јадро | јуни 2023. Не нѐ оставајте на seen и прочитајте што сѐ изнапишавме по два дена вежби, теорија и прелетување околу светот на килим од приказни.

***

…Реџина Џорџ беше мошне убава девојка, а Реџеп беше само продавач на пиперки од Арачиново. За време на летниот распуст, Реџина по долгото размислување одлучи нејзината дестинација да биде Скопје. Првиот ден го помина шетајќи се низ пазарот, воодушевена од гужвата и свежите производи. Никој не можеше да претпостави дека токму на тој ден ќе се сретнат погледите на Реџина и Реџеп и дека токму од тој момент започнува нивната вечна љубов. За кратко, двете заљубени гулапчиња се земаа и имаа традиционална свадба, што траеше три дена и три ноќи. Тие формираа големо семејство и одлучија да останат во Скопје, а во симбол на нивната љубов и нивниот почеток, тие секое лето правеа ајвар со пиперките од Арачиново.

Лејла Даздаревиќ  и Мелиха Трубљанин


Срце

Толку многу страдам

многу верувам, многу живот давам.

Толку многу ме мразат,

најважното сум, дозволувам да ме газат.

Пуштете ме да живеам,

бар неколку среќни децении да доживеам.

Дадете ми малку среќа,

зар не е грев, со тагата да ме ставите во иста вреќа.

Допуштете ми малку да здивнам,

да се закашлам, бар  да кивнам.

Поради мозокот ја губам својата боја, 

со вакви мисли, нема да ја видам судбината моја.

Дозволете ми малку мир

малку опуштеност, да погледнам низ некој вир.

Познат како виновник во сечии очи,

ме заробивте во ледени плочи.

А најсреќно сум во детскиот миг,

таа слатка насмевка на нивниот лик.

Мали ангели живот ми даваат,

некои луѓе за секунда ме продаваат.

Мелиха Трубљанин

Leave a Reply