Skip to main content
креативно пишувањекултураработилница

ПИШИ-БРИШИ | Теодора Прокоповска

By June 19, 2023June 21st, 2023No Comments

Повеќе пишувавме, а помалку бришевме на работилницата за креативно пишување „Пиши-бриши“ која се одржа во КСП Центар Јадро | јуни 2023. Не нѐ оставајте на seen и прочитајте што сѐ изнапишавме по два дена вежби, теорија и прелетување околу светот на килим од приказни.

 Нож

Камен каменица,

вода вирова, вода црвеница.

Во друм на форум од презир

далги на време час,

секавица од челичен спас.

Маченик на веков се роди

мене стројник за рака ме води

доминација на острило…

Пред олтар ме стави ехх…

А крвник на свеста е своја,

до бој на минимализам 

крај вратот на денешната боја.


Се пронајдовте зарем не?

Исправено дело чиј почеток беше врв од нокт. Можности, можности и цигара чиј крај го задуши до дното на постоењето. Неразбирливо и чудно како боите на тој семафор, но се пронајдовте зарем не?


Ближна силуета

      Во утробата на замавот на молкот, додека ја ловеше потребата да ја привлече таа сонлива животна далга при обид да се пронајде. Тама од ритамот на срцето, а едно е, длабоко и обемно. 

       Потрес на мисли во клет час при појдовноста на можноста, ги прекрсти и истегна екстремитетите на умот на начин кој беше за него достоен во долов на првата горчлива голтка која се прилепи до јазикот. Дланката на игранката го погали по лицето а тамата на тишината спиеше до нишанот на погледите. Тој истраја до задната секунда на својата цел, трчаше така силно воинствено и се бореше додека желбата надвладеа, нејзината моќ го надмина и реализмот во неговото единствено постоење. Вечен е шамарот при бакнежот испечатен  на тоа својственото. Те барав како последниот куршум за моето оружје, а велам ме љуби тој блесокот на тој отсјај, ме љуби тој долов, таа нежност утринска војдовност – странка околн . 

      Ме открија тие силуети додека вистина беше постоењето на зборот исткајан низ мислите на Оливера Николова. 

Leave a Reply