Skip to main content
култураработилница

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦИ Работилница – „Одржливи заедници / Sustainable communities“

By February 13, 2024No Comments
Во рамки на програмата Артс Хаб, на КСП Центар Јадро, во период од 6ти март до 31ви мaj 2024 година, ќе се одржи работилница за современа уметност која ги опфаќа темите на екологија, климатски промени и одржлив развој водена од уметникот Никола Узуновски.
Работилницата е наменета за студентите од факултетите за уметност, дизајн и архитектура, но е отворена за сите оние кои се заинтересирани да партиципираат.
Работилницата e поделена на 3 дела, еден теоретски и два практични, (едниот од практичните ќе се одржи на Преспанското езеро)
Во склоп на првиот, теоретски дел, кој ќе се одржи во март 2024 година ќе следат серија предавања:
Среда 6 март од 20 до 21.30 часот
– Вовед во работилницата и презентација на најзначајните 100тина уметнички дела / проекти кои ги обработиле и нагласиле темите екологија, оджливот развој и климатски промени
Среда 13 март од 20 до 21.30 часот
– Презентација на проектите на уметникот Никола Узуновски, во кои спаѓаат и проектот Соларни Кујни, и Провремени пловечки живеалишта на кои учесниците ќе можат да одлучат да се приклучат.
Среда 20 март од 20 до 21.30 часот
– За разработка на проектот соларни кујни, Јана Клопчевска, професор на технолошко-металуршкиот факултет, од насоката за прехрамбена технологија и биотехнологија, ќе ги објасни главните хемиски процеси кој се случуваат при готвењето или обработка на храна, а експерт од полето на Астрофизиката, кој ќе ги објасни сите аспекти од физиката потреби за реализација на соларни кујна.
Среда 27 март 20 – 21.30 часот (можни промени)
– За разработка на проектот Привремени пловечки живеалишта, Методија Велевски од Македонско еколошко друштво ќе ги објасни еколошките проблеми на преспанското езеро, посебно хабитатот на птиците и некои од можните начини на справување, како креирањето на привремени живеалишта.
Практичен дел
Во вториот дел од работилницата ќе се одржи практичниот дел, каде учесниците ќе можат заеднички со менторот да учествуваат во реализацијата на проектите – Соларни кујни и Привремени пловечки живеалишта, или да реализираат свои проекти обработувајќи ги темите екологија, климатски промени и одржлив развој.
Последниот ден од работилницата ќе има презентација на проектите и настан со готвење на соларна кујна.
Април – Мај (Датите ќе до одредат заедно со учесниците)
– Истражување, дизајн, развој, и продукција на соларни кујни во Скопје
– Истражување, дизајн, развој, и продукција на пловечки острови во Преспанското езеро
– Презентација на истражувањата и решенијата на учесниците на работилницата
– Корекции и развој на решенијата на учесниците на работилницата
Заинтересираните можат да се пријават со пополнување на формуларот достапен на линкот https://forms.gle/cJG3AjntMW2CLbsy6 и преку страната www.sustainablecommunities.mk/ најдоцна до 1.03.2022. Настаните ќе се одвиваат во просториите на КСП Центар Јадро, и на Преспанското езеро.
Никола Узуновски (Земун, Белград, 1979) е интердисциплинарен уметник и професор по дизајн и уметност. Предавал на Кралскиот технички универзитет во Стокхолм, Академијата за Дизајн во Талин,Вишиот институт за дизајн во Фиренца, Академија Италиана во Бангкок. Во 2005 година учествува на 51. Биенале во Венеција во проектот “Floating Sites“, а во 2007 ја освојува наградата „Млад европски уметник“. Почнува да работи на неговиот проект “My Sunshine“ на Trieste Contemporanea кој го продолжува и за време на престојот во Полинарија, Абруци во 2008 година. Понатаму го развива проектот за македонскиот павилјон на 53. Биенале во Венеција (2009). Од самостојните изложби се издвојуваат “Snow“ и “My Sunshine“ во галеријата „Федерико Лугер“ во Милано, додека од групните изложувања се издвојуваат “Greenwashing“ во Fondazione Sandretto Re Rebaudengo (Торино, Италија, 2008), “Green Platform“ во Fondazione Strozzi (Фиренца, Италија, 2009), “Spaceship Earth“ во Centre of Contemporary Art Znaki Czasu (Торун, Полска, 2011).
Повеќе информации за менторот на nikolauzunovski.studio
За повеќе информации, контакт: Никола Узуновски, е-маил [email protected] или на тел: 078505619

Leave a Reply