Врз основа на член 16 од Статутот на Установата од областа на културата КСП Центар-
Јадро се распишува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на директор на Установата од областа на културата
Културно социјален простор ЦЕНТАР ЈАДРО, Скопје
За директор на Установата може да биде избрано лице кое ги исполнува следните
услови:
- високо стручно образование од општествени или хуманистички науки;
- три години работно искуство во дејноста на независната култура;
- стручни, работни и организациски способности.
Покрај општите услови утврдени според статутот директорот треба да ги достави
следниве документи:
1. Државјанин на Република Северна Македонија;
2. Има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо стручно образование
од општествени или хуманистички науки утврдено со статутот на установата;
3. Има минимум три години работен стаж во областа, или три години работно искуство во дејноста на
независна култура или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори за дело;
Дополнителни документи:
1. Предлог програма за работа и за развој на установата не поголема од 5 страници;
2. Биографија / CV, со две реферeнци;
3. Мотивациско писмо на македонски јазик;
4. Доказ за минимум три години работен стаж во областа, или три години работно
искуство во дејноста на независна култура или проекти во областа на културата врз основа на склучени
договори за дело;
Потребни знаења и вештини:
1. Искуство во работа на проектни, финансиски и административни позиции;
2. Искуство во подготовка на наративни и финансиски извештаи;
3. Одлично познавање на Microsoft Office алатките;
4. Познавање на административно/техничките процедури;
5. Одлични комуникациски вештини
6. Високо ниво на говорен и пишан англиски јазик
7. Способност за непречена комуникација со организации и донатори
8. Членување во Јадро Асоцијација на независната културна сцена ќе се смета за предност
Линк за достапни документи за Културно-социјален простор Центар-Јадро: https://www.centarjadro.mk/upravuvanje/katalog-na-informacii/osnovni-dokumenti
Рок и начин на пријавување: Огласот трае до 30.05.2023.
Сите заинтересирани кандидат(к)и треба да ги достават потребните документи најдоцна до 16:00 часот последниот ден од огласот, на електронската адреса: [email protected] со наслов/назнака: за избор на директор на КСП Центар-Јадро.Мандатот на избраниот директор започнува на 15.07.2023.
Начин на селекција: Кандидат(к)ите кои ќе бидат селектирани во прв круг ќе бидат поканети на интервју.
Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат. За резултатите од огласот кандидат(к)ите ќе бидат известени по писмен пат.
Само кандидат(к)ите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. КСП Центар-Јадро го задржува правото да го пролонгира конкурсот доколку смета дека истото е потребно.