Артан Садик
Артан е истражувач, теоретичар и активист и има докторат во областа на филозофијата. Студирал и истражувал на универзитетите во Амстердам, Осло, Минхен и Балтимор. Неговите примарни теоретски интереси се теории на субјектот, феминизмот и радикалните практики во политиката и уметноста. Работел како истражувач во Скопје на Институтот за општествени и хуманитарни науки, каде што ја водел Школата за политика и критика.Исто така, тој е еден од основачите на Синдикатот „Клуб за култура“ и активистичкото движење „Солидарност“. Беше истакнат член во протестни движења како Аман!, #protestiram и Академски пленум, а во моментов е член на организацискиот одбор на фестивалот КРИК за критичка култура. Тој е редовен соработник во регионални и меѓународни списанија како што се Le Monde Diplomatique, Journal Identities и Bilten. Неговите последни записи се занимаваат со прашањето за просторот на уметноста во општеството и естетската форма на работниците.
Јане Чаловски
Јане (Скопје, 1973 г.) е уметник, истражувач, издавач и културен активист. Преку конвергенција на поимите за архивирање, а истовремено зголемување на методот сличен на непосредноста на цртежот, неговото истражување е фокусирано на дизајнирање дискурзивни рамки за улогата на постмедиум-уметност во поширок културен контекст. Изложувал во Музејот на современа уметност во Загреб, Музејот на уметноста Гуангдонг(Guangdong), Малме Констмузеум(Konstmuseum), Бункиер Штуки(Bunkier Sztuki), Баухаус Фондација Десау (Bauhaus Dessau Foundation), Кунстхале Баден-Баден (Kunsthalle Baden-Baden), Кунстхале Брегенц(Kunsthalle Bregenz), Салцбургер Кунстверајн (Salzburger Kunstverein), Тејт Британија (Tate Britain), European Kunsthalle, Балтичкиот ликовен центар, Центар за современи уметности Вилнус, The Drawing Center и други места. Во соработка со Христина Иваноска го основал Проектниот простор „Прес ту Егзит“ (2004) и ја претставувал Македонија на 56-тото Венециско биенале (2015). Негови дела се вклучени во Хелсиншкото биенале за фотографија (2014), D-0 ARK Underground (2012), Manifesta 7 и Manifesta 3. Чаловски е добитник на стипендијата ORTung (2012), стипендијата Allianz Kulturstiftung (2004) и Pew стипендијата за уметност (2001). Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Пенсилванија и колеџот Бенингтон; тој има завршено постдипломски програми за истражување на CCA Kitakyushu, Академија Jan van Eyck и Универзитетот Linkoping. Еден е од основачите на „Јадро“– Асоцијација на независната културна сцена и нејзин претседател (2017-2019).
Искра Гешоска
Искра е основач и претседател на Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи уметнички практики. Уште од 1994 година е активна во градењето и зародишот на независниот културен сектор и современите, самоорганизациски формати на дејствување во социо-културниот простор. Придонесува за локално, национално и интернационално афирмирање на независниот културен сектор и неговата политичка релевантност. Нејзиниот клучен фокус е развојот на критичкото мислење и критичките теории, како и односот на културнo-уметничките практики, политичкото и политиката. Беше директорка на независниот културен центар Точка од неговото формирање, па сѐ до неговото затворање (2002 – 2010). Во рамките на овој центар, како и пред и потоа, разви и водеше над 20 проекти во сферата на културните политики, критичката теорија, критичката дебата, визуелните и перформативните уметности, испитувајќи го односот на уметноста и политиката. Беше уредник и организатор на стотина настани од културно-општествено значење. Вклучена е во процесите на заговарање на локално и национално рамниште за општествено ситуирање на независниот културен сектор, како и за поттикнување на регионалната соработка. Беше уредничка во издавачката куќа Темплум и во спсанието Маргина во периодот од 1998 – 2008 година. Беше советник во Министерството за култура на Република Македонија во периодот од 2003 до 2005 година. Прва претседателка е на Јадро – асоцијација на независната културна сцена, национална платформа за заговарање за поголема видливост и системска ситуираност на независнипт културен сектор во македонија, од неговото основање во 2012 година до 2017. Од јули 2017 е член на Управниот одбор на Јадро. Член е на собранието на Хелсиншки комитет за човекови права, каде се застапува за артикулација и афирмација на културните права и правото на култура. Освен теориска и социо-културна практика, има и интензивен активистички ангажман и учествува во речиси сите активистички процеси кои придонесуваат за развој и демократизација на општеството. Се застапува за интерсекторска соработка и инсистира на длабока општетствена и политичка вкотвеност на културното и уметничкото дејствување. До сега има објавено над 100 есеи, стручни трудови во сферата на критичката теорија, изведувачките уметности, визуелните уметности и културните политики. Таа е надворешна соработничка, советничка за прашања од областа на културата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Сака да готви. 🙂