ТИМ

Јасмина Билаловиќ

Јасмина е актерка, дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1998. Покрај актерското формално образование и искуство, има серија обуки и искуство и во областа на форум-театарот, едукативниот театар со/за деца и младинци, т.н. уметност за општествени промени и immersive theatre.

Јасмина е актерка, дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1998. Покрај актерското формално образование и искуство, има серија обуки и искуство и во областа на форум-театарот, едукативниот театар со/за деца и младинци, т.н. уметност за општествени промени и immersive theatre. Како соосновач и раководител на Здружението на уметници Културен центар „Медиа артес“ од Охрид е дел од независната сцена уште од 2001. Во периодот од 2000 до 2005 ја носи целосната тренинг-програма на МАПА (Moving Academy for Performing Arts, Amsterdam) во Охрид; оваа соработка меѓу другото резултирала со донација на театарска техничка опрема од страна на МАПА, со што технички се капацитира идниот професионален театар во Охрид Соосновач е и на Охридскиот театар при НУЦК „Григор Прличев“, чиј член на ансамблот е од формирањето на театарот во 2011 до јули 2019. Марсово дете, има постојана потреба за движење и физичка активност. Аикидоки, има 3-ти кју во ивама рју аикидо. Следбеничка на Дионис 🙂

Ѓорѓе Јовановиќ

Ѓорѓе Јовановиќ е ликовен уметник, дипломирал сликарство во 2003 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Реализирал повеќе самостојни изложби и проекти и учествувал на бројни групни изложби, работилници и конференции во земјата и во странство.

Ѓорѓе Јовановиќ е ликовен уметник, дипломирал сликарство во 2003 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Реализирал повеќе самостојни изложби и проекти и учествувал на бројни групни изложби, работилници и конференции во земјата и во странство. Реализирал повеќе резиденционали престои во Европа и САД, а за својата работа во областа на визуелната уметност е добитник на неколку награди. Oд 2003 година учествува во разни проекти и програми од областа на независната култура и активизмот. Соработувал со разни културни организации и институции во земјата и во странство (Контрапункт, Press to Exit, ЦАЦ, Темплум, МОФ, Teorija koja hoda, ONDA и др.). Пасиониран филмофил, меѓу долгата листа на омилени музички интереси ужива во рапавиот глас и приказните на Том Вејтс, заразните ритми и текстови на Фела Кути, гурман (иако треба да намали малку 🙂 ) и колекционер на музичкиот инструмент дромбуља (Jew's harp).

Ѓорги Пулевски

Ѓорги Пулевски е магистрант по студии на политиките на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. Oд 2009 година учествува во разни проекти и програми од областа на независната култура и активизмот. Во 2010 и 2011 година издава два рап албуми како дел од дуото „Стрес“.

Ѓорги Пулевски е магистрант по студии на политиките на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. Oд 2009 година учествува во разни проекти и програми од областа на независната култура и активизмот. Во 2010 и 2011 година издава два рап албуми како дел од дуото „Стрес“. Од 2013 до 2018 година е дел од дебатното кино „Контра кадар“ во Битола, каде што коорганизирал над 120 општествено-ангажирани настани со филмски проекции и дискусии. Од 2014 година работи на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, најпрво како координатор на волонтери, а во последните три години како селектор и координатор на студентска и детската програма. Продуцирал и водел 35 културно-информативни емиисии на радио „106“ во Битола. Во 2016 и 2017 година бил програмски и административен координатор на грант на фондацијата „Роза Луксембург“ од Германија. Членувал во повеќе здруженија, меѓу кои движењето за социјална правда „Ленка“ и левичарското движење „Солидарност“. Фан на Ka, Billy Woods, Cristian Mungiu, Paul Verhaeghe. Стрпливо ги чека неделите во кои ќе се случат цели декади.