Skip to main content

Management Board

Јана Коцевска

Јана Коцевска дипломирала на Институтот за етнологија и антропологија во Скопје и е ко-основач на Tiiiit! Inc., и ЦИНИК - Центарот за истражување на национализмот и културата. Преку Tiiiit! таа е коорганизатор на феминистичкиот фестивал „ Прво па женско“. Јана е активен соработник на Скопскиот викенд на гордоста и фестивалот за критичка култура КРИК. Таа е член на Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, и е претседателка на одборот на КСП Центар-Јадро, првата хибридна јавна културна институција во Македонија, формирана како граѓанска -јавно партнерство. Со своето искуство во активизам и истражување, Јана има работено со различни граѓански организации и е авторка и уреднича на повеќе книги и публикации.

Ѓорги Пулевски

Ѓорги Пулевски дипломирал психологија и магистрирал студии на политиките во Скопје и проектен менаџмент во Портсмут, Англија. Oд 2009 година учествува во разни проекти и програми од областа на независната култура и активизмот. Сега е програмски директор на Филозофскиот филмски фестивал

Нела Витошевиќ

Нела Витошевиќ дипломира театарска режија на Факултетот за драмски уметности – Скопје во 2007 г., во класата на проф. Слободан Унковски, каде и магистрира во 2014 г. Од 2017 г. работи во Македонски народен театар – Скопје, како режисер, а од 2008 до 2009 и како лице одговорно за односи со јавност. Во 2010 година, заедно со режисерот Васил Христов го формираат независниот театар Wonderland, кој се занимава со истражување на современ и иновативен театарски јазик. Исто така, таа работела и како режисер на повеќе сценски настани, а особено е активна како кастинг-директор и асистент на режија во повеќе македонски филмови и филмови снимани во Македонија. Режисер е на голем број театарски, филмски, музички и медиумски проекти од различен вид, стекнувајќи респективни професионални искуства. Режирала во повеќе македонски театри и независни театарски трупи, докажувајќи се и како вешт, многупати и радикален читател/драматург на одделни текстови, не само драмски.