Skip to main content

Маалски фестивал е инклузивна фестивалска иницијатива која ја зајакнува врската помеѓу различните генерации и општествените групи во заедницата преку уметноста.

Програмата е внимателно дизајнирана да создаде простор каде што децата, младите, возрасните и пензионерите можат да учествуваат заедно во креативните процеси, поттикнувајќи меѓугенерациска размена на знаења, вештини и искуства. Фестивалот е отворен за сите граѓани, вклучително и маргинализираните групи, активно промовирајќи еднакво учество и пристап до културните содржини. Преку многу едукативни активности како што се работилници за изработка и поправка на урбана опрема ), работилница за уметност на знаковен јазик, работилници за филм и креативно пишување за деца и пензионери, перформанси и отворени повици за учество, фестивалот создава демократска платформа каде секој може да придонесе и да биде дел од заедницата.

Со ангажирање локални уметници, активисти и граѓански организации, фестивалот промовира социјално вклучување преку различни уметнички дисциплини, поттикнувајќи соработка помеѓу луѓето од различни возрасти и културно и социјално потекло. Посебен фокус е ставен на активностите што ги вклучуваат младите од ранливите и непривилегираните категории, обезбедувајќи им можности за самоизразување и развој на вештини.

Маалски фестивал има долгорочна визија за развој на инклузивната културна сцена каде секој глас е важен и секој има можност да учествува. Преку своите активности, фестивалот повторно ги реобмислува традиционалните начини на културно творење, позиционирајќи ги граѓаните како активни учесници во културниот живот, а не како пасивни набљудувачи.

Оваа иницијатива не само што ја ревитализира локалната уметничка сцена, туку и ја поттикнува социјалната кохезија преку колективна креативност и споделени искуства.
Фестивалот служи како модел на париципациско учество што може да се прилагоди и прошири на различни заедници, создавајќи трајно влијание врз културниот и општествениот живот на заедницата.

 

ВИДИ ПОВЕЌЕ