Registrations have closed.
КРЕАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА И УЧЕЊЕ ВО УМЕТНОСТИТЕ
by
572 572 people viewed this event.
“КРЕАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА И УЧЕЊЕ ВО УМЕТНОСТИТЕ”-интерактивно предавање во соработка со ФОНТИС универзитетот од Холандија (четврток, 9ти декември 2021, од 19:00-21:00 часот).
Ова е првото во серијата предавања на тема “Уметност, образование и технологија во ерата на (пост) КОВИД-19” кои Центар-Јадро ги иницира годинава и во кои го покани на соработка Универзитетот ФОНТИС од Холандија.
Употребата на дигитална технологија во уметноста и во уметничкото образование претставува неопходност за време на пандемијата, но обезбедува и нови можности за заедничко креирање и учење и за достапност до нова публика.

Програмата на КСП Центар-Јадро има за цел да го истакне она што е веќе направено на ова поле и да го идентификува потенцијалот на дигиталните технологии за уметничкиот сектор. Фокусот ќе биде на креативната технологија која е достапна за сите и не бара специјализирано знаење или опрема.
За време на овој прв настан, кој ќе го модерира Фонтис, холандски и македонски професори и уметници ќе презентираат најнови примери за употребата на дигиталните технологии во уметноста и (формалното и неформалното) уметничко образование. Меѓу македонските панелисти се: танчерката Ивана Коцевска, актерката Нина Максимова и археологот и историчар на уметност (и гејмер) Томе Секулов, кои ќе зборуваат за своите искуства.
Настанот ќе биде на англиски јазик и ќе го модерира Пол ван дер Хејден од ФОНТИС универзитетот, кој е номиниран за Националната награда на Холандија за образование, за најкреативен, иновативен образовен проект.

Деталната агенда е во прилог.
Сите заинтересирани можат да се приклучат на интерактивниот настан во четврток, 09.12.2021 во 19:00 ч. на следниов линк: https://zoom.us/j/93970526022…
**
За ФОНТИС универзитетот и позадината на соработката:
За ФОНТИС универзитетот и позадината на соработката:
Магистерските студии за Образование во уметностите при Универзитетскиот колеџ за ликовни и изведувачки уметности Фонтис е интердисциплинарен магистерски курс дизајниран за професионалците во уметничкото образование. Бидејќи нивната наставна програма вклучува студиска посета на град во Европа, нивни студенти и професори за првпат го посетија Скопје во 2018 година, при што воспоставија контакти со различни организации и институции во Скопје. Фонтис виде потенцијал во оваа соработка и продолжи да организира студиски патувања во Скопје секоја година (за жал, посетите во 2020 и 2021 година беа откажани поради пандемијата на КОВИД-19) и почна да ги истражува можностите за одржлива соработка со заинтересираните страни.
**
Настанот е дел од годишната програма на КСП Центар-Јадро, поддржана од страна на од Министерството за култура @ Ministry of Culture / Ministria e Kulturës
Настанот е дел од годишната програма на КСП Центар-Јадро, поддржана од страна на од Министерството за култура @ Ministry of Culture / Ministria e Kulturës
Additional Details
Project Title -
Project -