Skip to main content

Колонија 8, групна изложба на „Училница осум 8“

Registrations have closed.
Колонија 8, групна изложба на „Училница осум 8“

Колонија 8, групна изложба на „Училница осум 8“

by
583 583 people viewed this event.
Здружението на автори Училница осум 8 е формирано 2021 година.
Здружението брои десет членови со профилирана творечка индивидуалност кои на изложбата ќе се претстават со по две дела, скулптури, слики и графики. Станува збор за ликовни педзгози кој се активни и на планот на ликовното творештво. Здружението годинава оствари скромна соработка со Министерството за култура, меѓутоа новото здружение во новите услови најавува сериозно концепирана активност што вклучува и издавање монографии во време на значителна замреност на ликовниот живот во земјата.
Предраг Јаневски негува скулптура со тотемистички белезе во која се испреплетуваат елементи од метал и во дрво. Симеон Арнаудов е познат со скулптурите во мермер во кој пластичниот момент е споен со линеарниот благ ритам. Во оваа пригода тој се претставува со фигура на ракометарка (во полиестер) во момент кога се подготвува да ја фрли топката. Соња Поповска-Трајковска разновидно обработените елементи во теракота ги организира во вертикала со симболични монументализирани белези. Нела Јанковска со линеарните назабени облици на фигурата во метал изразува немир и страв. Озбек Ефенди металните елементи ги поврзува во ритам кој стреми кон ширење во просторот. Гордана Петрова во бронза изработила реалистичен портрет со индивидуални црти. Фехим Хусковиќ е сликар на модерен пејзажизам еволуирајќи кон слободни колористички состави во кои го поврзува темпераментниот гест и урамнотежената организираност на целината. Трајче Блажевски е цртач и графичар кој врз правоаголна основа суперпонира неколку површини со суптилно разиграни линеарни предзнаковни структури. Ладислав Цветковски во дигитален принт реализира линеарно обработена композиција со разновидни значења: мотив на очи со крстообразна форма и двосмислена сугестија на подотворена „усмина“. Евгенија Трајковска е стрип цртач која се представува со линорез и мотив на „Монструм“, гротескен лик поставен на кружна основа, еден вид на „црно сонце“. Авторот на текстот со своите темпери ја следи основната линија на своето сликарство: спонтано предадена колористичка експресија во која е содржан немир.
Владимир Величковски
Сликар, критичар и универзитетски професор
Симеон Арнаудов академски скулптор.
Роден 1943 година во Стојаково, Р.С. Македонија. Завршил средно училиште за применета уметност во Скопје. Академија за ликовни уметности во Белград 1969 година кај Јован Кратохил и Миша Поповиќ.
Од 1980 година член на ДЛУМ и редовен учесник.
Учествувал на бројни групни изложба меѓу кои и: „Современа Македонска Уметност – млада генерација 2“ во Скопје 1972 година, „13 Ноеври“ во Цетиње (1983), 6-то Југословенско биенале на мала пластика во Мурска Субота (1983), Илинден, НОВ и револуција во делата на македонските ликовни уметници во Скопје (1986), „8 ликовни творци од Р.Македонија“ во Прилеп (2000), 1945-2010 — 65 години ДСУПУ „Лазар Личеновски“ (2010) и др.
Учествувал на повеќе ликовни колонии во Ечка (1969), Струмица (1972), Белчишта (1990 и 2003), Пробиштип (1995), Прилеп (1996 и 2009), Делчево (2002), Кнежино-Кичево (2002 и 2003), Вајарска Колонија Бојчин во Сурчин, Р.Србија (2011).
Добитник е на повеќе награди меѓу кои и наградата „Нерешки мајстори“ во 1982 и 2008 за скулптура, Димо Тодоровски (2000) за скулптура мал формат, Награда за графика (2003), Откупна награда за цртеж од Универзитетска библиотека „Климент Охридски“.
Предраг Јаневски –Драшко, академски скулптор. Роден 1957 во Белград. 1980 завршува Интернационална ликовна академија во Нимберг кај проф.Ема Масс. Од 1981 година е член на Европската скулпторска асоцијација. Истата година станува член на ликовната група скулптори Arte frojnsaft со која групно излага на 4 изложби низ Германија. Добитник е на повеќе награди меѓу кои -Grand Prix vo Kora скулптура во дрво, Grand Prix во Словенија скулптура во дрво Звуци ин сенке, повеќе благодарници и пофалници за групни изложби. Реализирал бројни самостојни изложби: 1983 -ситна пластика во дрво во Нимбер, 1984- 4 Монолити, Нимберг, 1986- ситна пластика во дрво, Словенија, 1990 -ситна пластика мермер Словенија, и бројни групни изложби во Скопје, Словенија, Австрија, Германија.
Соња Поповска-Трајковска, академски скулптор со керамика. Родена 1969 година во Скопје . Завршува Факултет за ликовни уметности во Скопје во класата на проф.Стефан Маневски.
Работи скулптури во разни материјали, (метал, керамика, дрво, сипорекс)
Работи како професор во ООУ „Димо Хаџи Димов“ Скопје, со бројни долгогодишни активности и награди.
Член е на ДЛУМ, Детскиот ликовен центар, Градско здружение на ликовни педагози на Скопје, здружение на граѓани Училница осум 8, Скопје.
Реализирала бројни самостојни изложби и авторски мултимедијални проекти, учествувала во бројни групни изложби национални и меѓународни, ликовни колонии, креативни работилници, активно од 1996 година.
Евгенија Трајковска, графичар.
Родена 2001 година во Скопје. Студентка на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, катедра графика.
Изложби, проекти: Диплома за освоено прво место на Меѓународна детска ликовна изложба “Флора и фауна – Извор на животот и убавината“, Скопје 18 декември 2009,
Д. Л.Ц – Скопје, Министерство за животна средина и просторно планирање, I награда стрип конкурс Лифт 2021, меѓународна детска ликовна изложба по повод обележување на “13 ноември“ денот на ослободувањето на град Скопје, 2013 “ЗЛАТЕН СТРИП“ за најдобар учесник до 18 години, Велес 2017, Специјална награда од интернационален стрип салон “Скопска стрип акција 2017“, Велес 2017, Самостојна изложба на цртежи, 2016, Книжарница „Матица“ ексклузив,
Членува во Стрип Центар на Македонија – Велес, Здружение на граѓани „Училница Осум 8“, Младински образовен форум – МОФ.
Трајче Блажевски, академски графичар. Роден 1955 година во Скопје. Завршил Академија за ликовна уметност во Приштина, отсек графика во 1980 година.
Постдипломски студии завршил на Факултетот за ликовна уметност во Белград отсек графика во1982 година.
Докторирал на тема „Графиката како ликовен јазик во уметноста на Балканот“ 2010 година.
Користел студиски престој во Париз 1986 година од Фондот „Моша Пијаде“. Член е на ДЛУМ од 1980 година. Професор е на Факултетот за Ликовна Уметност во Скопје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.
Работи во сите графички техники, колаж, цртеж и масло. Има реализирано 63 самостојни изложби во: Македонија, Србија, БиХ, Словенија, Црна Гора, Полска, Италија, Германија, Бугарија и Романија. Од 1979 година учествувал на преку 650 групни изложби во земјата и во странство: Франција, САД, Македонија, БиХ, Србија, Русија, Јапонија, Тајван, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Унгарија, Полска, Словачка, Чешка, Романија, Кина, Холандија, Шпанија, Бразил, Италија, Германија, Белгија и многу други држави. Учествувал на 65 ликовни колонии во земјата и во странство. Има добиено 14 национални и 5 меѓународни награди и други признанија. Член е на меѓународни асоцијации: ABI Raleight North Carolina USA, AWI Bluffon USA, ABC Cambridge England, ASROPA Messina Italy и на ДЛУМ, ДЛУБ и УЛУБИХ.
Проф.др Фехим Хусковиќ, Роден на 25.06.1967 во Велес. дипломирал на Факултетот за ликовни уметности Скопје, магистрирал графика, а докторирал на Универзитет за ликовни уметности во Софија, Бугарија. Реализирал преку 95 самостојни изложби во Македонија и низ светот, излагал дела на над 700 групни изложби и учествувал на повеќе од 100 Меѓународни колонии и симпозиуми. Добитник е на дваесетина награди
во државава и надвор од неа, како и на 9-то ноемвриското признание на Општина Велес. Хусковиќ е добитник на наградата „Никола Мартиновски“ за 2006 што ја доделува Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Д-р Хусковиќ работи како редовен професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.
Нела Јанковска, академски скулптор. Родена 1971 Кр.Паланка, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Реализирала повеќе самостојни изложби и има учествувано на бројни групни изложби. Работи како ликовен педагог во ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ Ранковце. Членува во Длум. Самостојни 1997,1998,2020, над дваесетина групни од 1993 до 2020 во КИЦ, Дом на АРМ, Кр.Паланка, редовен учесник на изложби на ДЛУМ, колонии Св. Јоаким Осоговски, ликовни педагози Скопје, награди и признанија 1996 сувенир Кр.Паланка, 2005 Јордан Грабул ДЛУМ.
Гордана Николоска Петрова, академски скулптор со графички дизајн. Родена во Крушево во 1963 година. Завршено УПУ, и ФЛУ 1987 година во Скопје во класата на Стефан Маневски и ликовен педагог.
Член на Длум од 1987 и на ДЛУГ од 1992 година. Конзерватор-реставратор во Музеј Гевгелија и на Македонија. Авторски дизајни на комерцијални керамички сувенири.
Учества на повеќе изложби и колонии. Добитничка е на повеќе награди меѓу кои и 1987 награда за плакат, 1988 награда за скулптура во Сараево, 2001, 2002, 2013 за сувенир, награда за грб и знаме Општина Долнени, Гевгелија.
Ладислав Цветковски, Роден во 1965 година во Скопје е ликовен уметник, графички дизајнер и универзитетски професор со над 30 години искуство.
Во неговите дигитални графики и социјални плакати, тој воспостави свој систем на знаци и секвенци, кои ги претвора во визуелен јазик, провоцирајќи и коментирајќи ги фрагментите од времето во кое живееме. Неговата уметност ги коментира актуелните политички прашања, човековото однесување и навики, локалниот и регионалниот менталитет и култура, како и глобалните проблеми.
Има бројни самостојни изложби, учествувал на голем број национални и меѓународни групни изложби, бил член на жири комисии на изложби и натпревари, организирал различни работилници, проекти и предавања од областа на уметноста и културата.
Неговите дела се наоѓаат во колекции на музеи, галерии, институции и приватни збирки во земјата и светот.
Владимир Величковски, роден 1949 година во Скопје, активно излага од 1973 година.Член на ДЛУМ, Меѓународно здружение на ликовни критичари AICA, автор на многубројни книги и монографии и многубројни самостојни и групни изложби. Универзитетски професор на групата Историја на Уметност и археологија.
Озбег Ајваз е роден 1999 година во Скопје. Апсолвент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во вајарската класа на проф. Жарко Башевски. Средно ДСУЛУД Лазар Личеновски кај проф. Ангел Нацевски и проф. Бранко Јакшиќ. Скулптурите ги третира апстрактно геометриски во кој е доминантен металниот отпад кој е искористен за индустриски цели. Формите на скулптурите кои се представени доволни се да создадат приказна поврзана со животот и тековните случувања околу нас. На ликовниот ракопис имаат влијанија Пабло Пикасо, Марсел Дишан, Александар Архипенко, Џулио Гонзалес.
Во 2019 година учествува на проектот рециклирање во скулптурата и мултимедија при ФЛУ, 2021 година учествува на 13 Меѓународна ликовна колонија во Плав, Црна Гора. Групни изложби: 2021 Цзк „Хусеин Башич“-Плав, Црна Гора.
Вера Симовска е родена 1965 година во Котор, Република Црна Гора.
Скопје е градот на нејзиното детство и младост. Завршува Општа и компаративна книжевност на државниот Универзитет „Кирил и Методиј“. Постојано пишува но не објавува зашто е посветена на семејството и семејниот бизнис кој што е сосема различен од книжевноста. После две децении решава да се повлече од бизнисот и почнува сериозно да ги средува, дополнува и подготвува насобраните материјали за издавање. Најпрво ја издава својата прва поетска збирка со наслов ЖИВО СЛОВО, 2013 год. Потоа следуваат збирките ЧАША ПОЛНА СВЕТЛОСТ, ; ПЛОДНА ВОДА ; поемата ИМАНЕНТНОСТ; прозната збирка текстови ИСТОЧЕН ХОРИЗОНТ, . Нејзиниот досегашен опус го пополнуваат книгите за деца: збирката песни и сценски игри во стихови насловени како ПОНОРНИЦА, и книгата прозни текстови за буквите од Кирилицата, насловена како СВЕТЛОНОСНА АЗБУКА.

Additional Details

Project Title - Места на дарежливост - трансформативни станици

Project -

 

Date And Time

2024-11-23 to
2024-11-23
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends